| Macedonian
Дневен блиц за 01.09.2026
00:00
00:0000:00
Политика
Дневен блиц за 01.09.2026
Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за вторник 1 септември.

Туркије се приклучи кон спогодбите Артемис на НАСА, започна самитот на Шангајската организација за соработка, њујоршката полиција застрела маж по двоен напад со нож на Тајмс Сквер. Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за вторник 1 септември.

Туркије се приклучи кон спогодбите „Артемис“ на НАСА

Туркије се приклучи на Спогодбите „Артемис“ на НАСА, станувајќи 71-та земја што потпиша меѓународна рамка насочена кон промовирање на мирно, транспарентно и кооперативно истражување на Месечината, Марс и пошироко.

Турскиот министер за индустрија и технологија, Мехмет Фатих Кацир, ги потпиша договорите во име на Туркије за време на церемонијата денеска во седиштето на НАСА во Вашингтон

Самитот на Шангајската организација за соработка започна во Бишкек

Состанок на Советот на шефови на држави на Шангајската организација за соработка, евроазиски блок, започна денеска во главниот град на Киргистан, Бишкек.

Шангајската организација за соработка е основана во 2001 година од Кина, Русија, Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан. Оттогаш се прошири на десет полноправни членки, а на организацијата ѝ се придружија Индија, Пакистан, Иран и Белорусија.

Туркије не е полноправна членка на блокот, но е „партнер во дијалогот“ за организацијата од 2012 година.

Путин: Шангајската организација за соработка е најголемата регионална организација во светот

Според рускиот претседател Владимир Путин, Шангајската организација за соработка стана најголемата регионална организација во светот, обединувајќи земји чие вкупно население сочинува околу половина од светската популација.

„Денес, Шангајската организација за соработка е всушност најголемата регионална организација во светот, каде што живее половина од светската популација“, рече Путин на самитот на организацијата во Бишкек.

Ердоган на средба со Алиев: Туркије ќе продолжи да придонесува за мирот меѓу Азербејџан и Ерменија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска се сретна со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев на маргините на Самитот на шефовите на држави на Шангајската организација за соработка во Бишкек.

Ердоган, рече дека Туркије ќе продолжи да придонесува за мирот меѓу Азербејџан и Ерменија, нагласувајќи дека постигнувањето мир ќе „вдахне нов живот во регионот“.

Ердоган смета дека продлабочувањето на односите во сите области според разбирањето „две држави, една нација“ ќе им користи на двете земји.

Њујоршката полиција застрела маж кој изврши двоен напад со нож на Тајмс Сквер

Полициските службеници од Њујорк вчера, застрелаа и убија вооружено лице откако тоа изврши напад со нож на Тајмс Сквер, во кој една жртва беше убиена, а друга ранета.

Осомничениот нападна маж и жена во близина на Западната 42-ра улица и Седмата авенија пред 16:30 часот.

Тоа беше се за денешните блиц вести. За повеќе информации посетете не на macedonian.trtbalkan.com.

Слушни повеќе
Дневен блиц за 18.09.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите