Претседателот Ердоган се обрати на Генералното собрание на ОН, а Европската Унија предупредува од анексија на Западен Брег
Слушате Дневни блиц вести, денес сме среда 23 септември
Ердоган повика на обнова на Газа и реформи на ОН
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повика на итна обнова на Газа и побара од меѓународната заедница да го зголеми притисокот врз Израел поради како што го нарече најголемиот срамен концентрационен логор во модерно време. Ердоган посочи и дека состојбите покажуваат дека Обединетите Нации, основани пред повеќе од осум децении не можат да ја исполнат својата одговорност за мир и безбедност.
Муцунски повика доследно да се почитува меѓународното право
Македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски порача дека во време на сериозни геополитички предизвици, светот има потреба од посилен дијалог, одговорен мултилатерализам и доследно почитување на меѓународното право.
Пленковиќ: Официјалните почести за Младиќ во Србија се навреда за жртвите
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ пред Генералното собрание на ОН ја критикуваше Србија за оддавањето официјални почести на починатиот осуден воен злосторник Ратко Младиќ, нарекувајќи го потегот навреда за правдата, но и за жртвите во војните во поранешна Југославија.
Зеленски: И Киев и Вашингтон сакаат војната да заврши пред зимата
Украинскиот претседател Зеленски изјави дека Киев и Вашингтон сакаат руската војна да заврши „пред зимата“. Тој разговарал за можни мерки за деескалација со американскиот претседател Доналд Трамп, под услов Москва да го стори истото со нападите врз украинската енергетска инфраструктура.
И за крај на денешниот блиц…
Кошта предупредува на „де факто анексија“ на Западниот Брег
Претседателот на Европскиот совет предупреди дека случувањата на окупираниот Западен Брег, се „де факто анексија“, и ги загрозуваат изгледите за решение со две држави. Европската унија силно ги поддржува изборите за обнова на легитиметот на Палестинската управа и го повикува Израел да овозможи нивно спроведување.
Тоа беше сѐ за денешните блиц вести, за повеќе информации следете нѐ на социјалните мрежи
