| Macedonian
Дневни блиц вести 20.07.2026
00:00
00:0000:00
Регион
Дневни блиц вести 20.07.2026

Анализите на водата од водоводот во Гостивар ќе бидат готови денес, најави министерот за здравство Сашко Клековски, американскиот државен секретар Марко Рубио го обвини Иран дека се обидува да го искористи Ормускиот Теснец како алатка за преговарање, двајца Палестинци се убиени во напад на нелегални израелски на окупираниот Западен Брег

Слушате дневни Блиц вести, денеска е понеделник 20 јули

Денеска треба да бидат познати анализите на водата во Гостивар и причините за епидемијата

Анализите на водата од водоводот во Гостивар ќе бидат готови денес, но важни се и епидемиолошките анкети што ги даваат граѓаните за да се утврди точниот причинител за епидемијата, изјави вчера министерот за здравство Сашко Клековски. 

„Пристапуваме со максимална одговорност и не сакаме да избрзуваме со заклучоци. Анализите на Институтот на јавно здравје се по барање на Јавното обвинителство. Во основа резултатите ќе ги соопшти Јавното обвинителство, нагласи Клековски.

Рубио: Иран сака да го користи Ормуз како алатка во преговорите 

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека Иран се обидува да го искористи Ормутскиот Теснец како алатка за преговарање додека траат обидите за разрешување на тековниот конфликт на Блискиот Исток.

„Јасно е дека Иран, барем некои луѓе во Иран, сакаат да го контролираат теснецот и да го користат тоа како средство за влијание против светот“, изјави Рубио.

Рубио додаде дека, иако САД ќе продолжат да преземаат неопходни чекори за да ја осигураат безбедноста на глобалната поморска трговија, другите земји треба да придонесат повеќе со обезбедување финансиска поддршка или воени ресурси за да помогнат во споделувањето на одговорноста.

Двајца Палестинци убиени во напад на нелегални израелски доселеници во село на Западниот Брег

Двајца Палестинци се убиени, а уште еден е ранет откако нелегалните израелски доселеници отвориле оган за време на нападот доцна во неделата врз селото Деир Џарир во близина на Рамалах на окупираниот Западен Брег, според палестинските официјални лица. 

Официјалната палестинска новинска агенција, Вафа, соопшти дека градовите и селата низ губернацијата Рамалах и Ал-Бирех се сведоци на пораст на нападите од страна на нелегални израелски доселеници врз Палестинците и нивниот имот, вклучувајќи физички напади, напади со боева муниција, палежи и напади врз земјоделско земјиште под заштита на израелската армија. 

И за крај на денешниот блиц…

Бројот на загинати од земјотресите во Венецуела се искачи на 5.208

Бројот на загинати во земјотресите во Венецуела минатиот месец се искачи на 5.208, изјави вчера претседателот на Националното собрание, Хорхе Родригез.

Родригез објави список на платформа за социјални медиуми Х во која е наведено дека 16.740 лица се повредени во силните потреси.

Тој рече дека властите воспоставиле 107 привремени кампа во кои се сместени 23.820 луѓе.

Тоа е сѐ за денешните блиц вести. За повеќе информации следете нѐ на социјалните мрежо

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 10.09.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите