Курти прогласи убедлива победа на изборите во Косово
Албин Курти лидерот на движењето Самоопределување прогласи убедлива победа на предвремените парламентарни избори на Косово со над 50 отсто од гласовите. Според првичните податоци на државната изборна комисија и преброени околу 90 отсто од гласовите Самоопределување има освоени над 400.000 гласови.
Голема антитерористичка акција во Туркије против ИСИС
Во северозападната турска покраина Јалова, рано наутро во понеделник, во тек е антитерористичка операција насочена против терористичката група ИСИС (ДЕАШ), соопштија безбедносни извори. При рацијата е отворен оган и повредени се седум полицајци. Исто така во покраината Бурса се активни специјалните единици за поддршка на антитерористичката операција.
Кина започна големи воени вежби околу Тајван
Кина започна заеднички воени вежби околу Тајван, како строго предупредување против сепаратистичките сили „Независност на Тајван“ и надворешното мешање. Во вежбата се вклучени борбени авиони, бобардери и дронови во координација со ракети со долг дострел. Воените вежби наидоа на осуда од Тајван.
Критики за израелското признавање на Сомалиленд
Кина се придружи на сè поголемиот број земји низ целиот свет кои се спротивставија на израелското признавање на отцепената сомалиска територија Сомалиленд. Кина е загрижена и цврсто се спротивставува на потегот, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи Лин Џиан.
Трамп, Зеленски и европските лидери разговараа за крај на војната во Украина
Американскиот претседател Доналд Трамп, украинскиот претседател Владимир Зеленски и европските лидери разговораа за „конкретни чекори“ за ставање крај на војната меѓу Русија и Украина и постигнат е добар напредок во однос на безбедносните гаранции.
