Израелски медиуми објавуваат дека Израел се обидува да заплени флотила што се упатува кон Газа, Киев тврди дека Русија нападнала кинески брод во украинските територијални води, Туркије ги повика светските филмаџии да снимаат во земјата. Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за понеделник 18 мај.
Медиуми: Израел се подготвува да заплени флотила што се упатува кон Газа во меѓународни води
Израелската морнарица се подготвува во рок од неколку часа да пресретне и заплени бродови од Глобалната флотила Сумуд, која се обидува да ја пробие израелската блокада на Појасот Газа, во меѓународни води во Средоземното Море, објавија израелските медиуми.
Медиумите наведуваат дека морнарицата ќе ги пресретне бродовите во меѓународни води пред да стигнат до палестинските територијални води.
Калас: САД, Кина и Русија не ја сакаат силна и обединета Европа
Шефицата за надворешна политика на Европската Унија, Каја Калас, предупреди дека САД, Кина и Русија претпочитаат фрагментирана Европа бидејќи обединета ЕУ е геополитичка сила способна да ги предизвика големите сили.
Зборувајќи на Конференцијата „Ленарт Мери“ во Талин вчера Калас рече дека колективната сила на ЕУ е токму причината зошто надворешните сили се обиделе да ја поткопаат.
Киев тврди дека руските трупи нападнале кинески трговски брод во украинските територијални води
Украинските власти денеска излегоа со тврдење дека руските трупи изминатата ноќ нападнале кинески трговски брод во украинските територијални води.
Портпаролот на украинската морнарица, Дмитро Плетенчук, изјави дека нема пријавени жртви.
Русија и Кина сè уште не ги коментирале тврдењата на Украина.
Туркије ги повика светските филмаџии на Кан да снимаат во земјата
Туркије ги понуди своите уникатни локации за снимање, силна продукциска инфраструктура и меѓународен потенцијал за копродукција на глобалната филмска индустрија за време на приемот „Туркије ве поканува“ што се одржа во рамките на 79-от Кански филмски фестивал.
Вучиќ: Посетата на Кина ќе биде најзначајната во последните 30 години
Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера во Баку изјави дека наскоро ќе го знае точниот датум на неговата официјална посета на Кина и оцени дека тоа ќе биде една од најважните посети за Србија во последните неколку децении.
За време на престојот во Баку, српскиот претседател разговараше и со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев за геополитичките околности.
Тоа беше се за денешните блиц вести. За повеќе информации посетете не на macedonian.trtbalkan.com.
