Четворица убиени Палестинци во новите израелски напади на Газа, Иран отфрла преговори под закани од САД, Туркије достави 360 тони помош за раселените во Либан. Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за вторник 21 Април.
Четворица Палестинци убиени во израелски напади во појасот Газа
Израелските сили убија четворица Палестинци, вклучувајќи една жена, во Појасот Газа рано утрово, според медицински извори и сведоци.
Инцидентите се дел од континуираните израелски прекршувања на примирјето кое е во сила од 10 октомври 2025 година. Според Министерството за здравство на Газа, овие прекршувања резултирале со смрт на 777 Палестинци и повреди на 2.193 други до вчера.
Иран отфрла разговори под закана од САД
Иран ги отфрла разговорите со САД под закани, изјави вчера претседателот на парламентот Мохамед Багер Галибаф.
Галибаф, кој одигра клучна улога во разговорите, остро го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп за неговата одлука да воведе блокада на Ормутскиот теснец, за која Техеран вели дека го нарушува веќе кревкото примирје.
Трамп: Преговорите со Иран ќе бидат завршени и сите ќе бидат среќни
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави вчера дека преговорите со Иран ќе бидат финализирани „и сите ќе бидат среќни“, во услови на очигледен застој во разговорите.
Коментарите дојдоа само неколку часа откако претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Галибаф, рече дека Техеран ги отфрла преговорите со САД „под сенката на закани“.
Туркије достави 360 тони помош за раселените цивили во Либан по израелските напади
Турската хуманитарна помош за Либан ќе продолжи бидејќи раселувањето предизвикано од израелските напади се влошува, изјавија либански и турски официјални претставници.
Изјавите беа дадени за време на церемонија во пристаништето во Бејрут, на која беа испорачани 360 тони помош.
Двајца убиени и петмина ранети тинејџери во претсрелка во Северна Каролина
Двајца тинејџери вчера беа убиени, а пет други беа повредени откако тепачка ескалираше во пресметка со огнено оружје во јавен парк до средно училиште во Винстон-Сејлем во американската држава Северна Каролина, соопштија властите.
Полицијата првично не привела ниту еден осомничен, а властите соопштија дека истрагата е сè уште во тек.
Тоа беше се за денешните блиц вести. За повеже информации посетете не на macedonian.trtbalkan.com.
