| Macedonian
Блиц вести 16.09.2025
00:00
00:0000:00
Политика
Блиц вести 16.09.2025
Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за вторник 16 септември

Израел започна интензивна воена операција во градот Газа, ОН утврдија дека израелските сили извршиле геноцид врз палестинското население. Вашингтон и Доха блиску до договор за одбранбена соработка, Зеленски бара јасна позиција од Трамп за крај  на војната. Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за вторник 16 септември.

Нетанјаху: Израелската војска започна интензивна операција во градот Газа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави пред судот во Тел Авив дека израелската војска започнала „интензивна операција во градот Газа“, објави јавниот радиодифузен сервис КАН.

„Започнавме интензивна операција во градот Газа“, рече Нетанјаху.

Објавата се совпадна со насилниот израелски напад врз Газа, каде што Палестинците издржаа ноќ на тешки воздушни и артилериски напади.

Тековната војна на Израел во Газа уби речиси 65.000 Палестинци од октомври 2023 година и ја опустоши енклавата, која се соочува со глад.

Најмалку 18 убиени Палестинци во новите израелските напади

Најмалку 18 лица беа убиени, а над 40 други беа повредени денеска кога израелски воени авиони нападнаа неколку области во градот Газа и централниот дел од енклавата, изјавија медицински извори.

Осум Палестинци беа убиени, а 40 ранети кога израелски авиони нападнаа куќи во близина на раскрсницата за општа безбедност во северозападниот дел на градот Газа.

Уште три лица, меѓу кои и две деца, беа убиени кога израелски воени авиони нападнаа две населени куќи во населбата Ал-Дараџ во градот Газа. Десетици останаа исчезнати под урнатините.

ОН: Израел изврши геноцид во Газа

Истражна комисија на Обединетите нации откри дека израелските сили извршиле геноцид врз палестинското население во Газа и дека меѓу одговорните, според комисијата, се и високи израелски лидери, вклучувајќи го и премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Во извештај од 72 страници, комисијата навела четири од петте дела што претставуваат геноцид според Конвенцијата на ОН за геноцид од 1948 година: убиство, предизвикување сериозни телесни или ментални повреди, наметнување услови кои доведуваат до уништување на населението и мерки за спречување на раѓања

Вашингтон и Доха блиску до договор за подобра одбранбена соработка

Вашингтон и Доха се блиску до финализирање на договор за подобрена одбранбена соработка, изјави денеска американскиот државен секретар Марко Рубио.

„Имаме тесно партнерство со Катарците. Всушност, имаме договор за подобрена одбранбена соработка, на кој работевме и сме на работ на финализирање“, рече Рубио.

Неговите забелешки дојдоа еден ден по вонредниот арапско-исламски самит во Доха, на кој беше изразенa солидарност со земјата од Персискиот Залив по минатонеделниот израелски напад врз преговарачите на Хамас во главниот град на Катар.

Зеленски бара Трамп да заземе „јасна позиција“ за прекинување на војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика американскиот претседател Доналд Трамп да заземе „јасна позиција“ за прекинување на војната во Украина, нагласувајќи ја потребата од силни лични чекори за да го натера рускиот претседател Владимир Путин да се исплаши од него“.

Во интервју за Скај њуз во претседателската палата во Киев, Зеленски нагласи дека клучот за прекинување на конфликтот е да се воспостават дефинирани безбедносни гаранции за Украина.

Тоа беше се за денешните биц вести. За повеќе информации посетете не на macedonian.trtbalkan.com.

Слушни повеќе
Дневен блиц за 15.09.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите