Палестинците со солзи радосници ги пречекаа ослободените затвореници во градот Беитунија на Западниот Брег кои беа пуштени од израелскиот затвор Офер во првата размена по договорот за примирје во Газа.
ТикТок во САД повторно се активираше откако привремено беа прекинати операциите бидејќи на сила стапи одредбата на претседателот Бајден за забрана. Од платформата му се заблагодарија на новоизбраниот претседател Трамп. ТикТок треба да го продаде американскиот оддел на компанија која не е поврзана со кинеската влада, но се чини дека Трамп нема против апликацијата да продолжи да функционира, заради досегот до младите гласачи.
Припадници на израелската екстремна десница, како министерот за финансии Смотрич, се заканија дека ќе ја срушат владата доколку не продолжи воената окупација на Газа. Според нив договорот за примирје во Газа е голема грешка и капитулација пред Хамас.
Трамп вети дека откако денес и официјално ќе ја презеде функцијата претседател на САД ќе работи со историски брзо темпо и со голема сила. Тој ги нагласи позитивните сигнали на економијата по изборите и дека ќе треба веднаш да се отстранат последиците од владеењето на Џо Бајден.
И за крај на денешниот блиц...
Жителите на Калифорнија се подготвуваат за ново засилување на шумските пожари во кои досега загинаа 27 луѓе, а илјадници објекти целосно се уништени. Временските прогнози предвидуваат влошување на ветерот кој се очекува да ја разгори стихијата која не е целосно ставена под контрола.
Тоа е се за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com
