| Macedonian
Дневни блиц вести 20.11.2025
00:00
00:0000:00
Политика
Дневни блиц вести 20.11.2025
Слушате Дневни блиц вести, денес сме четврток 20 ноември
20 ноември 2025

Започна судењето за трагичниот пожар во Кочани во кој загинаа 63 луѓе, а Трамп скрои план за примирје меѓу Украина и Русија

Слушате Дневни блиц вести, денес сме четврток 20 ноември

Почна судењето за трагедијата во Кочани која одзеде 63 животи

Под силно полициско обезбедување и засилени безбедносни мерки започна судењето за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март во кој загинаа 63 луѓе, од кои повеќето млади. Обвинети се 35 физички лица и три правни лица. 

Коњувца не стана премиер на Косово, најверојатно ќе има избори

Глаук Коњуфца  кандидатот на „Самоопределување“ на Албин Курти не доби поддршка да ја формира новата косовска влада во парламентот, што најверојатно ќе води кон нови предвремени парламентарни избори.

Русија е подготвена за преговори по повикот на Ердоган

Официјален Кремљ посочи дека Русија е подготвена за преговори по повикот на турскиот претседател Ердоган за обновување на преговарачкиот процес во Истанбул. Ердоган повторно истакна дека Туркије може да ги разгледа сите предлози кои ќе доведат до надминување на проблемите. 

Зеленски: Туркије игра клучна улога за размена на затвореници 

Украинскиот претседател Зеленски изрази надеж дека Киев и Москва би можеле да ја обноват размената на затвореници до крајот на годината, нагласувајќи дека во овој процес клучната улога ќе ја игра Туркије во напорите за унапредување на размената.

И за крај на денешниот блиц...

Трамп одобри мировен план за примирје меѓу Русија и Украина

Претседателот на САД, Доналд Трамп, одобри план од 28 точки за примирје меѓу Русија и Украина. Засега не се познати сите детали, освен дека САД ќе им понуди безбедносни гаранции на двете страни од кои ќе бидат задоволни. 

Тоа беше сѐ за денешните блиц вести, за повеќе информации следете нѐ на социјалните мрежи

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 16.04.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите