Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е во официјална посета на Малезија, Индонезија и Пакистан, како дел од турската иницијатива Нова Азија, со агенда продлабочување на економските, политичките и стратешките врски во регионот. Се дискутираше за соработка во повеќе области и постконфликтната рехабилитација. Иницијативата започната во 2019 година, има цел да ја прошири вклученоста на Анкара низ Азија.
Јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Сафади објави заеднички план за обнова на Газа без преселба на населението. Тој ја нагласи потребата да се одржи протокот на помош и да се почитува прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас. Сафади не сподели конкретни детали за планот за реконструкција, но го потврди ставот дека Јордан нема да биде земја на преселба на Палестинците.
Најмалку 118 Палестинци се убиени, а 822 се ранети во Газа од стапувањето на сила на примирјето на 19 јануари, соопшти Министерството за здравство. Билансот ги вклучува загинатите во директните израелски напади, оние кои им подлегнале на повредите и жртвите од неексплодирани гранати. Од вкупните смртни случаи, 92 се жртви на директни израелски напади.
Украинскиот претседател Владимир Зеленски во интервју за британски Гардијан предложи размена на територии со Русија во рамки на мировните преговори, доколку и двете страни останат на позициите кои ги освоиле во текот на тригодишната војна. Во оваа рамка влегува и регионот Курск во Русија каде украинските сили упаднаа минатата година.
И за крај на денешниот блиц...
Според извештајот на Индија Хејт Лаб драстично е зголемен говорот на омраза насочен кон муслиманите и малцинствата, а поттикнат од премиерот Моди и владејачката партија. Хинду националистите користеле анти-исламска реторика во текот на изборната кампања за мобилизација на гласачкото тело.
Тоа е се за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com
