Египетскиот претседател ел-Сиси и јорданскиот крал Абдула Втори го потврдија заедничкиот став за итен и целосен прекин на огнот, достава на хуманитарна помош во Газа и ослободување на затворениците. Тие се залагаат за брза реконструкција но, не според планот на Трамп со раселување на Палестинците.
Франческа Албанезе специјалниот известувач за ОН, смета дека геноцидните израелски акти може да се прошират во окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим. Албанезе отрки дека се врши нехуман третман врз затвореници, се шири насилство од доселениците, и дека можен е геноцид кој треба да се спречи.
Претседателот Трамп со рускиот колега Путин најверојатно ќе се сретне во Саудиска Арабија, за да стави крај на војната во Украина. Досега се воспоставени телефонски разговори кои ќе завршат со тет а тет средба. Трамп не го споменува членството на Украина во НАТО и смета дека не може да ги задржи сите територии пред војната.
Северна Кореја ќе го урне Центарот на единството во Кумганг каде се сретнуваат разделените семејства од Корејската војна. Сеул го осуди овој чин нарекувајќи го нехуман и побара да се сопре постапката. Последната средба меѓу членови на семејствата на војниците се случи во 2018 година.
И за крај на денешниот блиц...
НАСА го подигна степенот на закана од астероид широк 90 метри кој сега има 2.3 отсто шанси да ја погоди Земјата на 22 декември 2032 година. НАСА ги повика астрономите подетално да ја следат неговата траекторија, но и на други потенцијално опасни тела за да се подобри планетарната одбрана од можен катастрофален удар.
Тоа е се за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com
