| Macedonian
Хамас и Израел се договорија за прекин на огнот и размена на заробеници по 468 дена од војната во Газа, a Волкер Турк комесарот на ОН повика на одговорност за кршењето на човековите права во Сирија
00:00
00:0000:00
Свет
Хамас и Израел се договорија за прекин на огнот и размена на заробеници по 468 дена од војната во Газа, a Волкер Турк комесарот на ОН повика на одговорност за кршењето на човековите права во Сирија
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е четврток, 16 јануари

Хамас и Израел се договорија за прекин на огнот и размена на заробеници по 468 дена од израелската геноцидна војна врз Газа. Катарскиот премиер ал Тани го објави договорот, а во првата фаза треба да се ослободат 33 израелски заробеници од Хамас и поголем број палестински затвореници. 

Прекинот на огнот во Газа беше поздравен од светските лидери, меѓу кои и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, американскиот претседател Џо Бајден и новоизбраниот претседател Доналд Трамп. ОН и ЕУ ја повторија својата поддршка, нагласувајќи ја итната потреба за хуманитарна помош во Газа.

Израел и покрај договорот за примирје продолжи да изведува воздушни напади врз палестинските територии. Најмалку 20 Палестинци, меѓу кои и деца, загинаа во опколената Газа по израелските бомбардирања. Израелските сили убијата шестмина во окупираиот Западен Брег по воздушните напади врз бегалскиот камп Џенин. 

Волкер Турк, високиот комесар за човекови права на ОН, за време на посетата на Сирија ја истакна потребата од одговорност за злосторствата и прекршените човекови права во текот на 14 годишната војна. Тој повика на прекин на непријателствата, заштита на сите сириски граѓани и укинување на санкциите.

И за крај на денешниот блиц...

Американскиот претседател во заминување Џо Бајден одржа емотивно проштално обраќање од Овалната соба, по повод неговите последни денови на функцијата.  Тој му посака успех на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, истовремено предупредувајќи против претстојната „олигархија“ која ја загрозува демократијата. И покрај неговото контроверзно наследство, Бајден ги критикуваше гигантите на социјалните мрежи дека овозможуваат дезинформации и предупреди на ризиците од концентрираното богатство и моќ.

Тоа е се за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 26.08.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите