Скопје денеска на 26 јули одбележува 62 години од катастрофалниот земјотрес кој на 26 јули 1963 во 05:17 го погоди градот. Според извештаите под урнатините биле пронајдени 1070 жртви.
Биле повредени околу 4 000 граѓани, а 200 000 останале без покрив над главата. Мојсо Мојсовски 1963 бил 15 годишник кого земјотресот со семејството го затекнал во центарот на Скопје. За ТРТ Балкан ги раскажува своите сеќавања за за скопската катастрофа.
