
01:18

01:18
Повеќе видеа
МакеДокс Фокус на балканските кинотеки и архивскиот материјал
„Копање емоции низ времето“ е мотото на петнаесеттото издание на македонскиот фестивал на документарен филм „МакеДокс“ кој деновиве се одржува во Скопје, во автентичниот простор на Куршумли-ан во Стара чаршија - збирното место на филмските креативци.
Програмата оваа година е сочинета од 92 филмови кои што се натпреваруваат во пет натпреварувачки категории – главната награда „Кромид“, наградата „Млад кромид“ за млади автори, „Сецкан кромид“ за краток документарен филм, „Кокарче“ наградата за студентски документарен филм и наградата за етички идеи во документарниот филм.
Оваа година фокусот е на балканските кинотеки и користењето на архивскиот материјал во документарните филмови, како и негова дигитализација, чување и реставрација.
Македонскиот фестивал на документарен филм „МакеДокс“ има бројни партнери меѓу кои е и Турскиот културен центар „Јунус Емре“ - Скопје.
Повеќе видеа