Археологија во регионот: Развој наспроти зачувување
Стоби се истражува повеќе од еден век. Како што објаснува во разговор за ТРТ Балкан, Силвана Божиновска, директорката на Националната установа Стоби, првичните ископувања започнале за време на Првата светска војна, што довело до откривање на епископската базилика и уште две надвор од локалитетот.