Во петтата епизода од серијалот „Мотиватори“ ја раскажуваме приказната за една иницијатива што тивко, но моќно го менува општеството - „Донирај компјутер“. Оваа епизода е посветена на дигиталната еднаквост, хуманоста и силата на индивидуалната акција.
Основачот на „Донирај компјутер“, Борче Стаменов, нѐ враќа на 2016 година, кога идејата започнала спонтано - од застарени компјутери што фирмите ги оставале поради надградба, до една жена, самохрана мајка на три деца, која ја разбудила вистинската мисија на проектот.
