Дали сте знаеле дека во не така далечното минато, тука на скопското Кале било преполно со народ за прославата на христијанскиот празник Прочка?
За време на тој ден се оделе и на Кале кое било збирно место кадешто се собирале луѓето и било еден вид забава.
Денес од народните обичаи и традиции најпознат е струмичкиот маскенбал кој трае неколку денови и се поклопува со прославите со Прочка, но и во Скопје некогаш се празнувало со маскирање, и големи народни собири низ центарот на градот.
