29 ноември 2025
Како ви звучи идејата низ Скопје наместо со автобус или со такси да се движите со градски воз? Оваа идеја делумно треба да стане реалнос напролет кога според најавите треба да профункционира првата линија од Градскиот воз од Зелениково, преку Драчево, Лисиче, Аеродром, Кисела Вода до железничката станица во Скопје.
Предвидено е Градскиот воз да има три линии кои би требал да бидат комплетирани до 2027 година. Во ситуација на недостаток на градски автобуси, а тие често пати и не беа вклучени во сообраќај поради различни причини. Надлежните бараат алтернативи со кои би се олеснило движењето низ градот, но за оваа треба време поради застарената инфраструктура.

