Денес, оваа традиција е претворена во културната манифестација „Ој љубов, љубов“, која од 2020 година добива се поголема масовност.
Рибарите, посетителите и туристите се собираат со кајчиња, даски за веслање и други пловни објекти кај црквата Свети Јован Канео.
Потоа со веслање за да испратат еколошката порака за зачувување на езерото се упатуваат кон старото пристаниште, каде се одржува концерт со староградска охридска музика.
Задолжени за забавата се ВИС „Билјана“ кои се четврта генерација охридски трубадури и ја одржуваат во живот традицијата на познатите чалгиски групи на Ангеле Караѓуле и Климе Садило.
Изминатиот викенд екипата на ТРТ Балкан го следеше овој настан каде разговараше со музичарите учесници на оваа културна манифестација.
