| Macedonian
Дали институциите подготвени за сезоната на пожари?
01:13
Регион
Дали институциите подготвени за сезоната на пожари?
Дали државата е подготвена да се справи со катастрофалните летни шумски пожари?

Во 2024 година беа регистрирани над 125 шумски пожари кои зафатија околу 4 отсто од македонската територија, а добар дел од нив беа подметнати или предизвикани од човечки фактор.

За да се спречи огромна загуба на шуми, но и можни човечки жртви, државните институции преземаа нови мерки во пресрет на летната жешка сезона, која веќе започна со неколку пожари на отворено.

Според македонскиот премиер Христијан Мицкоски државата е поподготвена за справување со пожари од порано. Тој ова го истакна вчера, при промовирањето на прва републичка противпожарна, при што беа презентирани 38 пренаменети армиски и полициски возила, за гаснење на пожари.

Најавено е и спојување на Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи, формирање специјална противпожарна единица и набавка на нова опрема. Но, во меѓувреме надлежните тврдат дека стекнатата состојба е многу лоша и затоа се преземени привремени мерки за да се подигне нивото на координација, команда и употреба на противпожарните ресурси.

Повеќе видеа
Пред насловните натписи: Фемицидот како феномен
Каква ќе биде иднината на македонските пензионери?
Може ли ВИ да го „реши“ изгледот на Скопје?
МАКЕДОНСКА ФОРМУЛА ЗА ИДНИНАТА
МИЛАН И ВЕДРАНА ГИ ПОСЕТИЈА СИТЕ ЕВРОПСКИ ДРЖАВИ, ЧЕКААТ ПОТВРДА ОД ГИНИС
Хашим Тачи осуден на 25 години затвор за воени злосторства
Елвир Куртановиќ: Каратистот кој го освои првиот златен медал од прогласувањето на независноста
АНДРЕЈ СМИЛЕВСКИ - ОСВОЈУВАЧ НА ЗЛАТНИОТ МЕДАЛ НА СВЕТСКИОТ КИК-БОКС КУП ВО УНГАРИЈА
Дали однесувањето на инфлуенсерите го уништува тенисот
Расте бројот на заразени со западнонилска треска