Сигурно ви се појавиле видеата на YouTube кои тврдат дека стандардната светска мапа која ја учиме уште во основното образование е всушност, погрешна. Но, дали е навистина така, дали сепак, можеме да им веруваме на светските мапи?
Професорот Благоја Маркоски од Институтот за географија прецизно објаснува зошто дводимензионалните мапи имаат одредени деформации во начинот на кој се прикажани контитентите и океаните и нивната големина.
Земјата има неправилна овална форма со испапченост кај Екваторот. На глобусите се пресликуваат во соодветен размер сите површини, но кога ќе се постави на рамна површина мора да се користи одредена проекција, која зависи од самата намена на мапата, дали се користи за навигација и патување со брод или авион, или за приказ на одредени научни содржини, како на пример приказ на континентите според нивната природна форма. Погледнете ги деталите.
