Истражувачи од повеќе европски универзитети ги мерат последиците преку пријавените смртни случаи, но оценуваат дека поради тешкотиите за утврдување на поврзаноста со топлотните удари бројот на починати е многу поголем од пријавените.
Регионот исто така се соочува со топлотен бран со континуирани температури над 40 степени Целзиусови, а со најголем ризик се соочуваат постарите лица, хронично болните, бремените жени, но и лицата во социјален ризик поради неможноста соодветно да ги разладат нивните домови како последица на енергетската сиромаштија.
Македонската Влада во меѓувреме прогласи општи препораки за заштита на населението додека трае топлотниот бран и препораки до работодавачите соодветно да го организираат работниот процес
