21 февруари 2026
Неговата огромна колекција антиквитети ја сочинуваат предмети главно врзани за поранешна Југославија и повеќе историски периоди од макдонската државност. Тука ќе најдете значки, медали, етно накит, спортски реквизити, музички колекции. Иако роден 1987 година Марјан има доста познавања за поранешната држава која се распаднала кога тој имал 13-14 години. Марјан е повратник од странство кој дел од својот живот го минал во Германија и Швајцарија. Неодамна се вратил и нема намера да го напушти родниот крај. Има големи планови за проширување на музејот. Марјан има издадено две збирки поезија и една монографија за Смолари.
