| Macedonian
Нов „Гватанамо“ за „неподобните“ државни лидери
02:57
Политика
Нов „Гватанамо“ за „неподобните“ државни лидери
Администрацијата на Трамп во јуни минатата година објави дека планира да префрли најмалку 9.000 недокументирани мигранти во заливот Гвантанамо.

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро, претседателот на Хондурас Орландо Ернандес, ирачкиот претседател Садам Хусеин, лидерот на Панама Мануел

Нориега… Ова се политичките лидери на странските земји кои Соединетите Американски Држави (САД) ги заробиле, правдајќи ги таквите интервенции и потези со образложенија за „одбрана на демократијата“, „борба против трговијата со дрога“, „постигнување мир“ …Воената операција на американските сили во Венецуела и заробувањето на Мадуро и неговата сопруга, предизвика глобално внимание и го изнедри прашањето: Дали со ваквите постапки САД всушност создаваат своевиден нов „Гватанамо“ за недопобните државни лидери?

Гвантанамо е американска поморска база во Куба и воен затвор од висока безбедност. Во затворот со децении се приведувани осомничените лица по нападите на 11 септември во 2001 во Њујрок. Достапните податоци покажуваат дека стотици затвореници биле притворени.

Администрацијата на Трамп во јуни минатата година објави дека планира да префрли најмалку 9.000 недокументирани мигранти во заливот Гвантанамо.

Минатата година во јануари, американскиот претседател Доналд Трамп нареди проширување на притворниот центар за мигранти во заливот Гвантанамо, за кој се верува дека во моментов таму се сместени околу 500 лица, со цел капацитетот да достигне до 30.000 лица.

Повеќе видеа
Пред насловните натписи: Фемицидот како феномен
Каква ќе биде иднината на македонските пензионери?
Може ли ВИ да го „реши“ изгледот на Скопје?
МАКЕДОНСКА ФОРМУЛА ЗА ИДНИНАТА
МИЛАН И ВЕДРАНА ГИ ПОСЕТИЈА СИТЕ ЕВРОПСКИ ДРЖАВИ, ЧЕКААТ ПОТВРДА ОД ГИНИС
Хашим Тачи осуден на 25 години затвор за воени злосторства
Елвир Куртановиќ: Каратистот кој го освои првиот златен медал од прогласувањето на независноста
АНДРЕЈ СМИЛЕВСКИ - ОСВОЈУВАЧ НА ЗЛАТНИОТ МЕДАЛ НА СВЕТСКИОТ КИК-БОКС КУП ВО УНГАРИЈА
Дали однесувањето на инфлуенсерите го уништува тенисот
Расте бројот на заразени со западнонилска треска