| Macedonian
ЕУ не е целосна без Западен Балкан - Реформите приоритет
02:10
Регион
ЕУ не е целосна без Западен Балкан - Реформите приоритет
Во Скопје се одржа Самитот на Европската Унија и Западен Балкан, посветен на Планот за раст кој е поврзан со реформите кои шесте земји треба да ги исполнат за да добијат средства од претпристапните фондови на ЕУ.

Во Скопје се одржа Самитот на Европската Унија и Западен Балкан, посветен на Планот за раст кој е поврзан со реформите кои шесте земји треба да ги исполнат за да добијат средства од претпристапните фондови на ЕУ.

Марта Кос комесарката за проширува на ЕУ на Самитот „Стабилност, единство, иднина“, порача дека Европската Унија не е целосна без земјите од Западен Балкан и дека сега постои широк консензус низ европските метрополи за проширувањето.

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски како домаќин на Самитот порача дека регионот повеќе не е чекална и дека очекува забрзан раст преку инвестиции и иновации, а европската интеграција да создаде еднакви можности за сите.

Лидерите на шесторката од Западен Балкан ја потврдија посветеноста на зацврстување на регионалната соработка и унапредување на интеграцијата во ЕУ. На состанокот се зборуваше и за Планот за раст кој предвидува финансиска помош за спроведување на реформите, приближување до заедничкиот пазар и регионалното поврзување

Повеќе видеа
ВИРТУОЗИ НА КАВАЛ ЧУВАРИ НА МАКЕДОНСКАТА ФОЛКЛОРНА ТРАДИЦИЈА
Пред насловните натписи: Фемицидот како феномен
Каква ќе биде иднината на македонските пензионери?
Може ли ВИ да го „реши“ изгледот на Скопје?
МАКЕДОНСКА ФОРМУЛА ЗА ИДНИНАТА
МИЛАН И ВЕДРАНА ГИ ПОСЕТИЈА СИТЕ ЕВРОПСКИ ДРЖАВИ, ЧЕКААТ ПОТВРДА ОД ГИНИС
Хашим Тачи осуден на 25 години затвор за воени злосторства
Елвир Куртановиќ: Каратистот кој го освои првиот златен медал од прогласувањето на независноста
АНДРЕЈ СМИЛЕВСКИ - ОСВОЈУВАЧ НА ЗЛАТНИОТ МЕДАЛ НА СВЕТСКИОТ КИК-БОКС КУП ВО УНГАРИЈА
Дали однесувањето на инфлуенсерите го уништува тенисот