| Macedonian
Уште построг закон за заштита од пушење, но пушачи сѐ повеќе
01:51
Регион
Уште построг закон за заштита од пушење, но пушачи сѐ повеќе
Институтот за јавно здравје проценува дека над 800 илјади македонски граѓани се активни пушачи или над 40 отсто од населението, и дека секој трет тинејџер до 15 години има пробано цигара.

Голема дебата предизвика новиот предлог Закон за заштита од пушење кој треба да ги врати построгите одредби од законското решение во 2010 година кое беше практично анулирано со измените во 2018 година, особено со дозволата сите угостителски објекти да се претворат во „тераси“ каде ќе биде дозволено пушењето цигари и други тутунски производи.

Новиот закон предвидува и неколку нови построги одредби, практично сите јавни заеднички површини ќе бидат додадени на листата на забрана за пушење, а ќе бидат опфатени и казината и местата каде се приредуваат игри на среќа, но и приватните возила во кои се превезуваат малолетни деца.

Институтот за јавно здравје проценува дека над 800 илјади македонски граѓани се активни пушачи или над 40 отсто од населението, и дека секој трет тинејџер до 15 години има пробано цигара. 

Со новиот закон треба да се намали штетното влијание на цигарите кои на светско ниво се втор ризик фактор и причинител на смртни случаи, но и да се овозможи зголемена поддршка на програмите за одвикнување од цигари кои беа запоставени и дефинансирани во последните години

Повеќе видеа
Прв 1 на 1 турнир: Место за докажување на фудбалските вештини
КАКАО: СИТНАТА МУШИЧКА ПРЕД ТВОЕТО ЧОКОЛАДО
ВИРТУОЗИ НА КАВАЛ ЧУВАРИ НА МАКЕДОНСКАТА ФОЛКЛОРНА ТРАДИЦИЈА
Пред насловните натписи: Фемицидот како феномен
Каква ќе биде иднината на македонските пензионери?
Може ли ВИ да го „реши“ изгледот на Скопје?
МАКЕДОНСКА ФОРМУЛА ЗА ИДНИНАТА
МИЛАН И ВЕДРАНА ГИ ПОСЕТИЈА СИТЕ ЕВРОПСКИ ДРЖАВИ, ЧЕКААТ ПОТВРДА ОД ГИНИС
Хашим Тачи осуден на 25 години затвор за воени злосторства
Елвир Куртановиќ: Каратистот кој го освои првиот златен медал од прогласувањето на независноста