Јован, Иван и Марио од Битола сакаат да ги автоматизираат и забрзаат процесите во угостителството. AI алатките да извршуваат дел од процесите кои сега ги извршуваат луѓе.
Во разговор за ТРТ Балкан, Јован Талевски, победник на натпреварот „Средношколец милионер“, вели дека рецепционерите нема да бидат заменети, но телефонскиот агент е тука да прима повеќе повици истовремено колку и да се. Исто и чатботот, се допишува со повеќе луѓе истовремено и нема ограничување колку луѓе истовремено може да комуницираат со овие алатки.
Нивната идеја еволуирала со текот на времето. Почетниот капитал потребен за имплементација ги поттикнал да се пријават на натпреварот “Средношколец милионер”.
Погледнете повеќе во видеото.
