| Macedonian
Ткаенината на еден народ: Македонската традиција од етнолошка перспектива
03:24
Регион
Ткаенината на еден народ: Македонската традиција од етнолошка перспектива
Традицијата не е само спомен од минатото, туку жива основа на идентитетот што постојано се преобликува низ времето.

Преку етнолошка перспектива се отвора прашањето колку навистина ја негуваме македонската музичка, фолклорна и културна традиција и како таа се пренесува во современи форми.

Проф. д-р Љупчо С. Ристески посочува дека музиката, ритмовите, творештвото и културното наследство се нераздвоен дел од општествената меморија, но и дека недостигот на ресурси и систематска културна политика остануваат сериозен предизвик. Особено се нагласува потребата од забрзана дигитализација како клучен чекор за зачувување на наследството за идните генерации.

Наследството не треба да стои зачувано како експонат, туку да се живее, прифаќа и развива како дел од секојдневниот културен идентитет.

Повеќе видеа
Што значи демографскиот колапс во Европа?
„Бале Брзи” трча маратони и во осмата деценија од животот
Луфтханза ќе намали 20.000 лета поради криза со горивото
Што значи победата на Радев за македонско-бугарските односи?
Мит или реалност: Дали телефонот нè слуша?
Од љубов до спој на две култури: Од Јордан до Скопје
Македонката Тамара Ангеловска - Од Софија до светските оперски сцени
Никола Стојов - Млад чувар на традицијата со изработка и свирење на гајди
Србија воведува задолжителен воен рок оваа година – каде стојат земјите од регионот?
Македонка на Оксфорд работи на откривање на лек за дијабетес