15 ноември 2025
На Градскиот стадион во Гостивар, во петокот попладне се одигра меѓународен пријателски натпревар помеѓу ветераните на македонскиот и турскиот фудбал.
Овој настан се организира од Општинскиот фудбалски сојуз на Гостивар, под раководство на претседателот Берат Исмаили, со цел зајакнување на спортското и културното пријателство меѓу двете земји.
Организаторите истакнаа дека настанот претставува одлична можност да се потсетиме на фудбалските легенди, да ги доживееме спортските емоции и да го прославиме пријателството преку спортот.
Пријателскиот натпревар заврши со победа на турските фудбалски ветерани, кои постигнаа шест гола, додека македонските ветерани успеаа двапати да ја затресат мрежата на гостинскиот тим.

