Македонското овчарско куче Караман од неодамна условно е заведено од страна на Светската федерација на кинолошки сојузи како раса. Според критериумите на Светската кинолошка федерација позната како FCI расите прво се условно признаени и се остава период од седум до десет години во кој се следи нејзиниот развој и опстанок.
Во Бигорскиот манастир денес е сместена најголемата одгледувачница на карамани во државата.
ТРТ Балкан на оваа тема разговараше со Илија Каров, претседател на кинолошкото друштво „Македонско овчарско куче Караман”. Тој објаснува како течел процесот и се осврнува главните карактеристики на караманот, неговите предиспозиции.
Караманот по име Вардар е еден од милениците на Каров, а неговата љубов кон оваа раса датира од 2014 година.
