Граѓаните на Скопје во последните шест месеци на располагање ја имаат услугата за споделување електричен автомобил како современо решение за одржлив превоз и мобилност.
Е-возилата се изнајмуваат преку мобилна апликација и може да се подигнат преку резервирани паркинг места лоцирани претежно во катните гаражи и поголемите трговски центри низ градот.
Проектот доби поддршка од централната и локалната власт, и се очекува бројот на локации за изнајмување е-автомобили да се зголемува во обидот да се намали загадувањето на воздухот во Скопје и сообраќајниот метеж
