| Macedonian
Како се одржува во живот Дојранското езеро?
03:46
Регион
Како се одржува во живот Дојранското езеро?
Нивото на водата во Дојранското езеро е на задоволително ниво. Хидросистемот Ѓавато преку две пумпи во пумпната станица во Богданци го снабдува со по 200 литри вода во секунда од секоја од пумпите.

Хидросистемот ќе има клучно значење за одржување во живот на езерото при евентуални сушни периоди. За да стигне водата од хидросистемот до езерото минува повеќе од 20 километри. Со овој хидросистем се спречи катастрофа на езерото во 2002 година.

Летната сезона е започната, а Дојран пак е во исчекување за првите поголеми бранови на домашни и странски туристи. Странците кои одат на одмор кон Грција, Дојран не им е само попатна станица во која остануваат неколку часа туку ги користат и сместувачките капацитети. Целта на локалната самоуправа е Дојран да биде туристичка дестинација во текот на сите 12 месеци.

Повеќе видеа
Прв 1 на 1 турнир: Место за докажување на фудбалските вештини
КАКАО: СИТНАТА МУШИЧКА ПРЕД ТВОЕТО ЧОКОЛАДО
ВИРТУОЗИ НА КАВАЛ ЧУВАРИ НА МАКЕДОНСКАТА ФОЛКЛОРНА ТРАДИЦИЈА
Пред насловните натписи: Фемицидот како феномен
Каква ќе биде иднината на македонските пензионери?
Може ли ВИ да го „реши“ изгледот на Скопје?
МАКЕДОНСКА ФОРМУЛА ЗА ИДНИНАТА
МИЛАН И ВЕДРАНА ГИ ПОСЕТИЈА СИТЕ ЕВРОПСКИ ДРЖАВИ, ЧЕКААТ ПОТВРДА ОД ГИНИС
Хашим Тачи осуден на 25 години затвор за воени злосторства
Елвир Куртановиќ: Каратистот кој го освои првиот златен медал од прогласувањето на независноста