| Macedonian
Силјан: Филмска приказна која ги полни кино салите
01:42
Култура
Силјан: Филмска приказна која ги полни кино салите
Голем интерес кај публиката за наградуваниот документарен филм „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска, кој продолжува да се прикажува низ кината во државата.

Голем интерес кај публиката за наградуваниот документарен филм „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска, кој продолжува да се прикажува низ кината во државата. Со над 1000 продадени влезници и вонредни проекции во Кинотеката на Македонија поради зголемена гледаност, филмот отвора универзални теми за идентитетот, наследството и човечката поврзаност.

По премиерата во Венеција и повеќето меѓународни признанија, „Силјан“ беше и македонски кандидат за Оскар, но не влезе во потесниот избор за номинација за академската награда, додека интересот кај домашната публика и понатаму не стивнува.

Повеќе видеа
Што значи демографскиот колапс во Европа?
„Бале Брзи” трча маратони и во осмата деценија од животот
Луфтханза ќе намали 20.000 лета поради криза со горивото
Што значи победата на Радев за македонско-бугарските односи?
Мит или реалност: Дали телефонот нè слуша?
Од љубов до спој на две култури: Од Јордан до Скопје
Македонката Тамара Ангеловска - Од Софија до светските оперски сцени
Никола Стојов - Млад чувар на традицијата со изработка и свирење на гајди
Србија воведува задолжителен воен рок оваа година – каде стојат земјите од регионот?
Македонка на Оксфорд работи на откривање на лек за дијабетес