| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Мицкоски: Царинската управа поставува нoви стандарди
„Поставен е ред, воспоставени се правила и институцијата повторно функционира како што требаво служба на државата и граѓаните“, рече премиерот.
Мицкоски: Царинската управа поставува нoви стандарди
Мицкоски: Царинската управа поставува нoви стандарди / AA

Во изминатите 20 месеци, Царинската управа ги бележи најдобрите резултати во своето постоење. Остварени се највисоки приходи досега, што е јасен показател дека институцијата функционира поефикасно, поорганизирано и со поголема одговорност, истакна премиерот Христијан Мицкоски, на одбележувањето на годинишнината од постоењето на Царинската управа.

Особено значаен е фактот, според Мицкоски, што за првпат е надмината границата од 12 милијарди денари приходи во еден месец. Тоа, како што рече, е резултат кој не доаѓа случајно, туку е производ на системски пристап, засилени контроли и подобра координација.

„Кога ја презедовме одговорноста, не наследивме систем кој функционира беспрекорно. Напротив – затекнавме состојба на хаос, нарушени процеси и сериозно ослабена институционална поставеност. Систем кој со години бил запоставуван и руиниран. Но денес, со право можеме да кажеме дека таа фаза е надмината. Нормализацијата е завршена. Поставен е ред, воспоставени се правила и институцијата повторно функционира како што требаво служба на државата и граѓаните“, рече премиерот.

Целта на Владата како што истакна е да се продолжи во иста насока, „со дополнително унапредување на капацитетите, со модернизација на системите и со создавање услови за побрза и поефикасна услуга за стопанството, но и со цврст пристап кон спречување на нелегалните активности.

„Зад овие резултати стои трудот на сите вработени во Царинската управа. Вашата работа е значајна и видлива, а придонесот што го давате е од суштинско значење за функционирањето на државата. Во име на тоа би сакал да Ви се заблагодарам за вашата посветеност и професионалност. Нека овој јубилеј биде поттик за уште поголеми резултати во периодот што следи“, посочи Мицкоски.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Курти: Време е Косово да добие статус на земја-кандидат и да ги отвори преговорите за членство во ЕУ
Мерц: Членството на Црна Гора во ЕУ е реално остварлива цел
Мицкоски на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора
Ердоган и Радев разговараа за регионални и глобални прашања
Николоски на средба со новиот турски амбасадор Акташ, фокусот на продлабочување на соработката
Албанија го испрати првиот хеликоптерски контингент во мисијата на НАТО во Косово
Милорад Ѓоковиќ во Приштина осуден на 10 години затвор поради воени злосторства на Косово
Апсења во Нови Сад, Врњачка Бања и Белград на осомничени за планирање немири на денот на избoрите
Масовни протести низ Грција: Студентите бараат бесплатно образование, а професорите повисоки плати
Рама повторнo ги постави столчињата искршени од студентите и ги повика на дијалог
Советот на министри на БиХ го одобри гласањето на српските граѓани во Босна и Херцеговина
Професионалните војници по 45 години ќе можат да останат во армијата до пензионирање
Мицкоски: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем
Црна Гора го менува Уставот: Задолжителна проверка на интегритетот на кандидатите за Владата
Ангелов во Туркије на Конференцијата за управување со катастрофи
Протестите во Албанија не се смируваат, продолжуваат судирите со полицијата
Одбележана 23-годишнината од смртта на Алија Изетбеговиќ
Мехмет Булут избран за ректор на Меѓународниот балкански универзитет
Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат
Собранието ја продолжи кризната состојба со нафта до април 2027 година