| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Премиерите на Данска и Гренланд на средби со Мерц и Макрон
Мете Фредериксен и Јенс-Фредерик Нилсен, денеска објавија дека ќе ги посетат Берлин и Париз за да ја зајакнат поддршката за неодамнешните закани на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД ќе заземат арктички остров што ѝ припаѓа на Данска.
Премиерите на Данска и Гренланд на средби со Мерц и Макрон
Mette Frederiksen Jens Nielsen / Reuters

Премиерите на Данска и Гренланд, Мете Фредериксен и Јенс-Фредерик Нилсен, денеска објавија дека ќе ги посетат Берлин и Париз за да ја зајакнат поддршката за неодамнешните закани на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД ќе заземат арктички остров што ѝ припаѓа на Данска.

Фредериксен и Нилсен ќе се сретнат денеска со германскиот канцелар Фридрих Мерц и со францускиот претседател Емануел Макрон утре.

Тие ќе разговараат за „актуелната ситуација во надворешната политика и потребата од посилна Европа“, објави кабинетот на данскиот премиер.

Двајцата ќе присуствуваат и на економски самит во Германија.

Францускиот претседател Емануел Макрон ќе ги прими данската премиерка Мета Фредериксен и гренландскиот премиер Јенс-Фредерик Нилсен во Елисејската палата во среда, 28 јануари, на работен ручек, објавија претходно француските медиуми.

„Во оваа пригода, шефот на државата ќе ја потврди европската солидарност и поддршката на Франција за Данска и Гренланд, нивниот суверенитет и територијален интегритет. Тројцата лидери ќе разговараат за безбедносните прашања на Арктикот и економскиот и социјалниот развој на Гренланд, што Франција и Европската Унија се подготвени да го поддржат“, соопшти Елисејската палата, пренесува „Фигаро“.

Франција претходно одлучи да испрати околу петнаесет војници од 15 до 17 јануари во Гренланд, заедно со други европски воени сили, како дел од операцијата „Арктичка издржливост“, порака за единство упатена до американскиот претседател Доналд Трамп, кој силно се залага за присвојување на автономната данска територија, која ја смета за „витална“ за безбедноста на САД.

Повеќе
НАТО ќе испрати авиони и беспилотни летала во Црното Море по нападите врз бродови
Туркије ја повикa Белгија да ги засили дејствијата против терористичките групи
Канцеларот Мерц го пофали придонесот на турската заедница за Германија
Литванија бара измени во правилата на НАТО за пресретнување дронови
Италија ќе распореди 500 војници со полициски овластувања во Милано по немирите за време на викендот
Папата Лав XIV побара соработка на Москва и Киев за хуманитарна помош во Олешки
Франција воведува полициски час во четири северни општини
Лавров: Русија ќе ги почитува своите економски договори со Иран и покрај сложената ситуација
Референдум во Алберта, едно од прашањата е дали треба да остане дел од Канада
Литванија тврди дека дронот што се урна на нејзина територија дошол од Полска
Трамп: Мигрантите ја презедоа Франција, мора брзо да ги затвори границите
Австралиска пратеничка намерно прегазена од автомобил пред сопствената канцеларијата
Студенти го блокираа влезот во музејот Лувр во Париз поради полициска репресија
Суд од Мајами издаде налог за апсење на Раул Кастро поради соборувањето на два авиони во 1996 година
Францускиот претседател пристигна во Кувајт на почетокот на турнејата низ Персискиот Залив
Украинската служба за вонредни состојби: Едно лице загина, а осуммина се повредени во руски напад врз Киев
Мелони свика состанок на кабинетот за безбедносната состојба по насилните протести низ Италија
Макрон ја одби оставката на министерот за внатрешни работи
Калифорнија на референдум бара милијардерите да платат данок на своето богатство
Станбената криза во Шпанија ги тестира границите на европската држава на благосостојба