| Macedonian
РЕГИОН
1 мин читање
Собранието го избра новиот состав на Државната изборна комисија
Собранието го избра Бојан Маричиќ за претседател на ДИК, за потпретседател е избран Абдуш Демири, а за членови на Комисијата избрани се Александар Даштевски, Ангелчо Ристов, Светлана Карапетрова, Борис Кондарко и Дитмире Шеху.
Собранието го избра новиот состав на Државната изборна комисија
Собранието го избра новиот состав на Државната изборна комисија / AA

Собранието на денешната 83. седница, со 83 гласови „за“ го избра Бојан Маричиќ за претседател на Државната изборна комисија (ДИК). За потпретседател е избран Абдуш Демири, а за членови на Комисијата Александар Даштевски, Ангелчо Ристов, Светлана Карапетрова, Борис Кондарко и Дитмире Шеху.

Собранието го донесе Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик. Со донесувањето на овој закон, според подносителите од владеачката ВМРО-ДПМНЕ, се отстрануваат идни евентуални штетни последици од законските измени на овој законик донесени во септември 2023 година и се подобруваат одредени одредби со што врши усогласување со европските и меѓународните стандарди кои се однесуваат на борбата против организираниот криминал и корупција. Пратениците на Левица беа против законското решение со образложение дека се носи во интерес на функционерите од владеачкото мнозинство.

Пратениците не го прифатија предлог законот за изменување на Законот за енергетика поднесен од Левица со кој се бара укинување на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), а нејзините надлежности да поминат во Министерството за енергетика.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Туркије, Катар, Индонезија и Пакистан потпишаа меморандум за одбранбена соработка
Апсења во Нови Сад, Врњачка Бања и Белград на осомничени за планирање немири на денот на избoрите
Масовни протести низ Грција: Студентите бараат бесплатно образование, а професорите повисоки плати
Путин: Првиот танкер со дизел гориво ќе се упати кон САД за два до три дена
Вучиќ: Третата светска војна е неизбежна во услови на засилено вооружување во Европа
Европската комисија: Нивото на залихите на гас во ЕУ е под историскиот просек
За европратениците и Калас укинувањето на санкциите врз Русија од страна на Трамп е срамно
Кос: Билатералните прашања меѓу Хрватска и Црна Гора не се дел од преговорите, но мора да се решат
Рама повторнo ги постави столчињата искршени од студентите и ги повика на дијалог
Туркије ќе ги заостри казните за злоупотреба на пазарот и тргување со инсајдерски информации
Франција ги проценува штетите од протестите на стотици милиони евра
Лула бара изборниот суд да ги објави неговите банкарски евиденции
Трамп: Зеленски мора да сака да ја прекине оваа војна, инаку сè ќе заврши многу лошо
Бугарија нема да учествува во новата помош на ЕУ за Украина
НАТО ќе испрати авиони и беспилотни летала во Црното Море по нападите врз бродови