| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
Поплавени земјоделски површини и куќи, исклучително висок водостојот на Вардар во горното тек
Во Полошкиот регион, во Гостивар, екипи на противпожарната служба интервенирале цела ноќ поради обилните врнежи дожд и поплавувањата.
Поплавени земјоделски површини и куќи, исклучително висок водостојот на Вардар во горното тек
Поплавени земјоделски површини и куќи, исклучително висок водостојот на Вардар во горното тек / AA
16 февруари 2026

По врнежите што ја зафатија земјава, најкритична е состојбата во село Форино кое е најпогодено од поплавите, информира утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК). Поплавени се и земјоделски површини во селата Чајле, Турчане, Врапчиште и Беловиште. Во Југозападниот регион, во Кичево, на улица „Прилепска“ е регистрирано најголемо поплавување на куќи и евакуирани се 220 лица кои се сместени во спортската сала „Христо Узунов“. Заезерувања има и на улицата „29 Ноември“ во населбата Подварош каде се поплавени подруми во повеќе куќи. Поплавени се и објекти на болницата во Кичево. Организирана е достава на храна и вода за загрозените лица со поддршка на Црвен крст, а на терен активно работат екипи од полицијата, комуналното претпријатие и противпожарната служба.

Во Полошкиот регион, во Гостивар, екипи на противпожарната служба интервенирале цела ноќ поради обилните врнежи дожд и поплавувањата.

Според ЦУК, во Североисточниот регион, во Општина Липково, во дел од селото Опае поплавени се земјоделски површини поради излевање на Слупчанска река, при што засега нема пријавени материјални штети. Поплавени земјоделски површини има и во селото Оризаре. Во Куманово, во селото Доброшане на локацијата Шупли Камен, кај мостот на Кумановска река има насобрани пластични шишиња, но засега нема опасност од излевање на реката.

Во скопскиот регион, во Општина Сарај состојбата е мирна и се следи, додека во Општина Зелениково има минимално излевање на реката Вардар кај селата Пакошево и Ново Село без непосредна опасност

Во Југоисточниот регион, во Струмица, засега нема пријавени штети од врнежите од дожд. Пријавен е одрон кај селото Суви Лаки кон Берово и за истиот се известени надлежните служби, додека во Источниот регион, во Пробиштип, регистриран е прекин во снабдувањето со електрична енергија во селата Долни и Горни Стубол и екипи на ЕВН работат на отстранување на дефектот.

Според УХМР, изминатите 24 часа, до 07 часот утрово, најмногу врнежи имало во Гевгелија, 23 литри на метар квадратен, а најмалку во Прилеп и Тополчани, еден литар на единица површина. Измерени се и 20 литри на Попова Шапка, 17 во Крива Паланка и Штип, 13 во Скопје – Петровец и Лазарополе, 12 во Виница и Берово, 10 во Ѓуриште, 9 во Mаврови Анови, 8 во Kрушево и Пожаране, 7 во Тетово, 6 во Скопје – Зајчев Рид, 4 во Охрид и Велес, 3 во Струмица и Битола, како и 2 литра на метар квадратен во Кавадарци и Демир Капија.

Се уште е исклучително висок водостојот на реката Вардар во горното течение и се уште постои опасност од излевање на реката во тој дел. Како што информира УХМР, водостојот на река Треска изутринава е во намалување но е се уште исклучително висок и на критично ниво и постои опасност од излевање на реката на некои делници по течението. Исто така, реката Црна бележи зголемен водостој и во нејзиниот слив се можни локални заезерувања во Демирхисарско и Пелагонискиот регион во текот на денов. Водостојот на река Кичевска полека се повлекува но и таму остануваат сеуште дел на заезерени и поплавени површини. До крајот на денот се очекува висок водостој на река Вардар во горното и средното течение, а да има зголемувања во долното течение на реката кон Демир Капија и Гевгелија.

УХМР предупредува на внимателно движење покрај реките и суводолиците во текот на денешниот ден.

Фото: АА Архива

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Грција одобри купување на систем за воздушна одбрана и надградби на авионите Ф-16
Tуркије ја осудува израелската копнена инвазија во Либан
Бензините поскапуваат за 7 денари, дизелот за 6,5 денари за литар
САД дозволуваат иранските танкери да минуваат низ Ормускиот теснец
Муцунски - Хоџа: Подготвеност за унапредување на билатералните односи
Мицкоски: Денес во Кочани оддаваме тивка, но длабока почит кон невините животи што прерано згаснаа
Симболична инсталација „63 бели столчиња – 63 животи“ во Кочани
Коноли предупредува против „нормализација на војната“ поради тензиите на Блискиот Исток
Јапонија започнува со ослободување на резервите на нафта поради тензиите на Блискиот Исток
Трамп може да испрати бродови во Персискиот Залив „ако се осмели“, предупредува Иран
Израел започна ограничени копнени операции против Хезболах во јужен Либан
Иран тврди дека американско-израелски воздушен напад бил цел на училиште во Хомеин
Каја Калас: Ублажувањето на санкциите кон Русија од страна на САД претставува опасен преседан
Туркије повтори дека не ја признава „де факто ситуацијата во Крим“
Трамп: Во моментов преговараме со седум земји за обезбедување на Ормускиот Теснец