Пет алпинисти од Босна и Херцеговина загинаа на планината Елбрус во Русија, додека две лица ја преживеале несреќата, пренесуваат руските медиуми, повикувајќи се на информациите на Телеграм-каналот Shot.
Според медиумските извештаи, еден од преживеаните успеал самостојно да се симне од планината и да повика помош, додека другиот бил пронајден од припадници на спасувачките служби. Двајцата се хоспитализирани и се подложени на лекарски прегледи.
Истражната управа на Истражниот комитет на Руската Федерација за регионот Кабардино-Балкарија соопшти дека е започната истрага за околностите на несреќата.
Порталот „Наша Нива“ јавува дека групата од седум алпинисти на 25 јули тргнала во искачување на Елбрус. Еден од преживеаните пријавил дека на двајца членови на експедицијата им се слошило на надморска височина од околу 5.100 метри.
Причината за несреќата засега не е официјално соопштена.
Елбрус, висок 5.642 метри, е највисокиот врв во Русија и Европа и е познат по исклучително тешките и често непредвидливи временски услови.























