| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
Мицкоски: Важна инвестиција, нов почеток - 100 нови возила за „Пошта“
„Тоа значи застарена опрема, чести дефекти, зголемени трошоци и намалена ефикасност. Тоа значи доцнење на пратките, незадоволство кај граѓаните и намалена доверба во системот. Ние решивме да ставиме крај на тоа“, истакна премиерот.
Мицкоски: Важна инвестиција, нов почеток - 100 нови возила за „Пошта“
Мицкоски: Важна инвестиција, нов почеток - 100 нови возила за „Пошта“ / Other

Денеска зборуваме за една важна инвестиција, која не значи само нови возила, туку значи нов почеток, нова енергија и нова функционалност за еден систем што со години беше оставен да се справува сам со предизвиците. Владата преку Министерството за транспорт реализира набавка на 100 нови возила за потребите на „Пошта“.

Вкупната вредност на оваа инвестиција изнесува речиси два милиони евра - соопшти на денешниот настан премиерот Христијан Мицкоски, кој заедно со министерот Александар Николоски и директорот Орхан Куртиши ги промовира новите возила.

„Ова не е случајна одлука. Ова е одговор на реална потреба“. нагласи премиерот.

Просечната старост на возилата со кои досега работела „Пошта“, како што информираа премиерот, е околу 15 години.

„Тоа значи застарена опрема, чести дефекти, зголемени трошоци и намалена ефикасност. Тоа значи доцнење на пратките, незадоволство кај граѓаните и намалена доверба во системот. Ние решивме да ставиме крај на тоа“, истакна премиерот.

Оваа набавка е дел од поширока стратегија, додаде тој, да се обноват институциите, да се модернизираат јавните услуги и да се направат функционални за граѓаните. Затоа што институциите постојат, нагласи, за да служат, а не да бараат оправдувања.

Со новите возила, како што рече, „Пошта“ ќе може побргу, поефикасно и посигурно да ги доставува услугите до секој граѓанин, до секое населено место, до секоја компанија. Ќе се намалат трошоците за одржување, ќе се зголеми продуктивноста, а услугата ќе стане поквалитетна.

Но премиерот најави дека ова е само почеток. Во рамките на планот за раст, се работи на конкретни мерки, со кои, како што истакна премиерот, ќе се зголеми конкурентноста на „Пошта“.

„Нашата цел е јасна - да создадеме современа, ефикасна и одржлива институција. Предвидуваме подобрување на ефикасноста во испораката на услугите и намалување на трошоците за најмалку 15 проценти. Истовремено, работиме на подобрување на индикаторите за профитабилност, исто така за речиси 15 проценти. Тоа значи подобро управување, подобра организација и подобри резултати“, рече премиерот.

Според него, ова е разликата помеѓу зборови и дела. Помеѓу ветувања и реализација.

„Затекнавме систем кој долго време функционирал со минимални инвестиции, со застарена опрема и со нарушена ефикасност. Денес, чекор по чекор, го враќаме во функција. Го нормализираме, го модернизираме и го подготвуваме за иднината“, дециден беше Мицкоски.

„Пошта“, истакна, мора повторно да стане сервис на кој граѓаните ќе му веруваат.

„Институција која ќе им биде партнер на бизнисите. Систем што ќе може да одговори на современите предизвици, особено во време на дигитална трансформација и раст на електронската трговија. Ние не ветуваме лесен пат, но ветуваме работа, посветеност и резултати затоа што доаѓа времето кога институциите ќе работат за граѓаните. Доаѓа времето кога државата ќе испорачува“, порача Мицкоски.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Апсења во Нови Сад, Врњачка Бања и Белград на осомничени за планирање немири на денот на избoрите
Масовни протести низ Грција: Студентите бараат бесплатно образование, а професорите повисоки плати
Рама повторнo ги постави столчињата искршени од студентите и ги повика на дијалог
Советот на министри на БиХ го одобри гласањето на српските граѓани во Босна и Херцеговина
Професионалните војници по 45 години ќе можат да останат во армијата до пензионирање
Мицкоски: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем
Црна Гора го менува Уставот: Задолжителна проверка на интегритетот на кандидатите за Владата
Ангелов во Туркије на Конференцијата за управување со катастрофи
Протестите во Албанија не се смируваат, продолжуваат судирите со полицијата
Одбележана 23-годишнината од смртта на Алија Изетбеговиќ
Мехмет Булут избран за ректор на Меѓународниот балкански универзитет
Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат
Собранието ја продолжи кризната состојба со нафта до април 2027 година
Андоновски од Сеул: Пристапот до ВИ ќе го дефинира напредокот на поединецот и општеството
АХВ: Од јануари до август годинава уништени 69.776 килограми небезбедна храна
Четврта ноќ протести во Албанија: Студентите бараат оставка од премиерот Рама
Анушиќ предупредува на вооружување на Србија: Реториката на Белград е најголем фактор на нестабилност во Југоисточна Европа
По интервенција на Пленковиќ, од заклучоците на ЕУ за Црна Гора се тргнати временските рамки
Зошто 15 октомври се одбележува како Меѓународен ден на белиот стап?
Ескалираа протестите во Тирана: Приведени 35 лица, повредени 14 полицајци