| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Гаши: Државноста не се постигнува само со еден политички акт, државата се гради секој ден
Државата се гради со луѓе кои веруваат дека нивната лична иднина е поврзана со заедничката иднина на државата, порача претседателот на Собранието Африм Гаши на приемот во Собранието по повод 8 Септември - Денот на независноста
Гаши: Државноста не се постигнува само со еден политички акт, државата се гради секој ден
Во своето обраќање, Гаши се осврна и на демографските предизвици, нагласувајќи дека задржувањето на младите е вистинскиот патриотизам

8 Септември е круна на повеќедецениска заложба, но и потсетник дека државата се гради секојдневно преку институциите, законите и довербата на граѓаните, рече претседателот на Собранието, Африм Гаши во обраќањето по повод 35-годишнината од независноста пред претставници на институциите, дипломатскиот кор, пратеници и поранешни функционери.

Во своето празнично обраќање во законодавниот дом, Гаши посочи дека патот изминативе три и пол децении не бил лесен, но дека земјата успеала да си ја избори независноста на мирен начин.

„Без оглед на тоа на кој политички табор му припаѓале и дали се согласуваме со сите политички одлуки на таа генерација, не можеме да не го признаеме и вреднуваме фактот дека Македонија стана независна и суверена на мирен начин, нешто што не се случи со другите републики кои се одвоија од поранешна Југославија. Поради тоа, 8 Септември и референдумот од 1991 година се мирен роденден на една држава сонувана од многу генерации и круна на една повеќедецениска заложба“, истакна Гаши.

Тој потенцираше дека наместо само да се осврнуваме на минатото, главниот предизвик за оваа генерација е да дефинира каква држава ќе им остави на идните поколенија.

„По аналогија со легендарната реченица на претседателот Кенеди, ние не треба само да го поставуваме прашањето што направила државата за нас, дури ни што сме направиле ние за државата во овие 35 години, туку сите треба да се запрашаме каква држава посакуваме да имаме во следните 35 години? Тоа е предизвикот на нашата генерација“, порача претседателот на Собранието.

Според него, визијата за иднината мора да биде заснована на функционални институции, каде што администрацијата е во служба на граѓаните, а владеењето на правото и борбата против корупцијата се императив.

„Всушност, ние можеме да имаме различни јазици, различни култури, различни традиции, различни политички убедувања, но имаме само една заедничка држава. Ова треба да биде основата на нашиот однос“, нагласи Гаши, додавајќи дека Собранието мора да покаже надпартиска одговорност кон основните државни цели.

Во обраќањето, Гаши се осврна и на економскиот развој, демографските предизвици и односот кон иселениците, истакнувајќи дека задржувањето на младите е вистинскиот патриотизам што се очекува денес.

„Демографската политика не треба да се гледа само преку наталитетот. Таа треба да биде поврзана со квалитетот на животот, со вработувањето, со квалитетното образование и здравство, со правдата, но и со животната средина и можностите за домување. Младите треба да веруваат дека и овде можат да изградат добар живот“, заклучи тој, честитајќи им го празникот на сите граѓани.

Повеќе
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ
Курти: Време е Косово да добие статус на земја-кандидат и да ги отвори преговорите за членство во ЕУ
Мерц: Членството на Црна Гора во ЕУ е реално остварлива цел
Њујорк тајмс: САД и Израел подготвуваат планови за постизборни напади врз Иран
Папата Лав XIV нема потреба од понатамошен третман по операцијата на канцерот на белите дробови
Туркије за три години ќе инвестира 2 милијарди долари во воздухопловната и вселенската индустрија
Иран соопшти дека нападнал четири брода што превезувале нафта во Персискиот Залив
Зеленски сака нови преговори со Русија и САД до почетокот на ноември
Сирија започна безбедносна операција насочена кон терористичка ќелија во околината на Дамаск
Европскиот парламент сака подлабока соработка со Канада
Лана Нусејбех од ОАЕ најавува кандидатура за генерален секретар на ОН
Мицкоски на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора
Медиуми: Израелски борбени авиони летале близу до иранската граница за да предизвикаат реакција
Мерц: Влијанието на Русија е најголемата закана за германското општество
Конгресменката Рамирез: Израелскиот геноцид врз Палестинците не е завршен