| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
Гаши: Ќе одат на гласање сите закони за кои е потребен Бадентер
„Не можете да најдете решение ако не седнете да разговарате“, рече претседателот на Собранието, додавајќи дека дијалогот треба повеќе да се применува како дел од политичката култура во државата, особено со опозицијата.
Гаши: Ќе одат на гласање сите закони за кои е потребен Бадентер
Гаши: Ќе одат на гласање сите закони за кои е потребен Бадентер / Other

Првата координација пред почетокот на новата собраниска сесија се одржа денеска, а претседателот на законодавниот дом, Африм Гаши, најави дека до крајот на септември ќе се одржат најмалку четири седници. Две се веќе закажани за 2 и 11 септември, а најверојатно ќе се одржат уште две до крајот на месецот.

Предизвик за пратениците останува гласањето за законите за кои е потребен Бадентер. Гаши на брифингот со новинарите рече дека сите ќе бидат ставени на гласање, но дека не знае каков ќе биде исходот поради процедуралната блокада на опозициската ДУИ, пренесува МИА. Закони за кои е потребен Бадентер, односно кои се од особен интерес, се законите за правична застапеност, за високо образование, за локална самоуправа и други.

„Ова прашање има повеќе политичка димензија отколку процедурална. Во својство на претседател на Собранието се обидувам да ги преземам сите мерки. Јас сум во контакт со сите пратенички групи. Се обидуваме да дојдеме до решение. Ако прашањето навлегува во политичката сфера, тогаш се разговара на друго политичко ниво. Се согласувам дека ова прашање треба да се реши, но им оставам на политичките актери да го решат“, рече на брифингот со новинарите претседателот на Собранието.

На прашањето дали лидерска средба би помогнала, Гаши рече дека не може да оцени дали би помогнала или не, но дека секогаш е за дискусија и разговор.

„Не можете да најдете решение ако не седнете да разговарате“, рече претседателот на Собранието, додавајќи дека дијалогот треба повеќе да се применува како дел од политичката култура во државата, особено со опозицијата.

На денешната координативна средба присуствувал заменик-координаторот на пратеничката група на ДУИ, но немало никаква најава дека повторно ќе има блокада од страна на нивните пратеници.

„Тоа не е блокада, туку злоупотреба на Деловникот, но ќе видиме како ќе реагираат“. рече Гаши.

Во однос на тоа дали, доколку блокадата продолжи, ќе има предвремени парламентарни избори, тој рече дека такви избори ќе има кога 61 пратеник ќе одлучат за распуштање на Собранието. Сепак, нагласи дека е поборник на идејата за редовни парламентарни избори и дека нема да дозволи злоупотреба на Деловникот да предизвика предвремени избори.

„Не треба една злоупотреба на Деловникот да предизвика предвремени избори, но тоа е политичка одлука и за неа може да се решава и на друго ниво“, рече претседателот на Парламентот.

Гаши најави дека наскоро во Собранието треба да пристигне законско решение поврзано со барањето правосудниот испит да се полага и на албански јазик.

Во однос на уставните измени, рече дека нема информации за нов моментум, но дека Собранието е секогаш подготвено навремено да ги донесе потребните закони поврзани со Реформската агенда, како и да постапи доколку се донесе одлука за уставни измени.

Во следните месеци пристапот до околината на Собранието ќе биде отежнат поради градежните работи поврзани со изградбата на паркингот за пратениците и вработените.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Апсења во Нови Сад, Врњачка Бања и Белград на осомничени за планирање немири на денот на избoрите
Масовни протести низ Грција: Студентите бараат бесплатно образование, а професорите повисоки плати
Рама повторнo ги постави столчињата искршени од студентите и ги повика на дијалог
Советот на министри на БиХ го одобри гласањето на српските граѓани во Босна и Херцеговина
Професионалните војници по 45 години ќе можат да останат во армијата до пензионирање
Мицкоски: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем
Црна Гора го менува Уставот: Задолжителна проверка на интегритетот на кандидатите за Владата
Ангелов во Туркије на Конференцијата за управување со катастрофи
Протестите во Албанија не се смируваат, продолжуваат судирите со полицијата
Одбележана 23-годишнината од смртта на Алија Изетбеговиќ
Мехмет Булут избран за ректор на Меѓународниот балкански универзитет
Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат
Собранието ја продолжи кризната состојба со нафта до април 2027 година
Андоновски од Сеул: Пристапот до ВИ ќе го дефинира напредокот на поединецот и општеството
АХВ: Од јануари до август годинава уништени 69.776 килограми небезбедна храна
Четврта ноќ протести во Албанија: Студентите бараат оставка од премиерот Рама
Анушиќ предупредува на вооружување на Србија: Реториката на Белград е најголем фактор на нестабилност во Југоисточна Европа
По интервенција на Пленковиќ, од заклучоците на ЕУ за Црна Гора се тргнати временските рамки
Зошто 15 октомври се одбележува како Меѓународен ден на белиот стап?
Ескалираа протестите во Тирана: Приведени 35 лица, повредени 14 полицајци