| Macedonian
РЕГИОН
1 мин читање
Владата прогласи 30-дневна кризна состојба поради опасност од пожари
Владата ги задолжи сите органи на државната управа да ги стават на располагање своите човечки и материјално-технички капацитети и да постапуваат согласно прописите за управување со кризи, со цел навремена и ефикасна реакција на терен
Владата прогласи 30-дневна кризна состојба поради опасност од пожари
Ќе биде активиран Главниот штаб при Центарот за управување со кризи, кој ќе заседава постојано

Владата на денешната седница донесе одлука за прогласување кризна состојба на целата територија на Македонија, поради зголемените ризици од пожари на отворен простор и шумски пожари. Кризната состојба ќе трае 30 дена, почнувајќи од 1 август 2026 година.

Одлуката има цел да овозможи навремено и координирано справување со состојбата, како и мобилизација на сите расположливи институционални капацитети за заштита на граѓаните, нивниот имот и природните ресурси. Ќе биде активиран Главниот штаб при Центарот за управување со кризи, кој ќе заседава постојано и во рок од 24 часа треба да подготви акциски план за превенција и справување со пожарите.

Владата ги задолжи сите органи на државната управа да ги стават на располагање своите човечки и материјално-технички капацитети и да постапуваат согласно прописите за управување со кризи, со цел навремена и ефикасна реакција на терен.

Под влијание на топла воздушна маса од југ, во деновите од продолжениот викенд и до крајот на следната седмица ќе се задржи сончево и многу топло време, со мала до умерена локална облачност. Дневните температури насекаде ќе бидат над 32 степени, а во одредени места ќе надминат 40 степени. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќта.

Повеќе
Туркије, Катар, Индонезија и Пакистан потпишаа меморандум за одбранбена соработка
Апсења во Нови Сад, Врњачка Бања и Белград на осомничени за планирање немири на денот на избoрите
Масовни протести низ Грција: Студентите бараат бесплатно образование, а професорите повисоки плати
Путин: Првиот танкер со дизел гориво ќе се упати кон САД за два до три дена
Вучиќ: Третата светска војна е неизбежна во услови на засилено вооружување во Европа
Европската комисија: Нивото на залихите на гас во ЕУ е под историскиот просек
За европратениците и Калас укинувањето на санкциите врз Русија од страна на Трамп е срамно
Кос: Билатералните прашања меѓу Хрватска и Црна Гора не се дел од преговорите, но мора да се решат
Рама повторнo ги постави столчињата искршени од студентите и ги повика на дијалог
Туркије ќе ги заостри казните за злоупотреба на пазарот и тргување со инсајдерски информации
Франција ги проценува штетите од протестите на стотици милиони евра
Лула бара изборниот суд да ги објави неговите банкарски евиденции
Трамп: Зеленски мора да сака да ја прекине оваа војна, инаку сè ќе заврши многу лошо
Бугарија нема да учествува во новата помош на ЕУ за Украина
НАТО ќе испрати авиони и беспилотни летала во Црното Море по нападите врз бродови