| Macedonian
ВОЈНА ВО ГАЗА
1 мин читање
Хамас потврди дека командантот на Бригадите Ал Касам, Мухамед Авда, е убиен во израелски напад
Хамас во соопштението наведува дека Мухамед Авда бил убиен завчера заедно со неговата сопруга и двајцата синови во израелски напад врз станбена зграда во градот Газа
Хамас потврди дека командантот на Бригадите Ал Касам, Мухамед Авда, е убиен во израелски напад
Убиството уследи по жестокото бомбардирање во густо населената област во централниот дел на Газа во пресрет на муслиманскиот празник Курбан бајрам / Reuters

Хамас потврди дека бил убиен Мухамед Авда, висок командант во вооруженото крило, Бригадите Ал-Касам, по израелски напад во градот Газа.

Во соопштението, Хамас наведува дека Авда е убиен завчера заедно со неговата сопруга и двајцата синови во израелски напад врз станбена зграда.

Хамас го опиша Авда како „висок командант на Касам“ додавајќи дека тој припаѓа на „првата генерација што ги постави темелите за вооружени и милитантни операции на отпор“.

Претходно израелската Армија соопшти дека го убила Авда во напад во северна Газа, тврдејќи дека тој неодамна бил избран за нов командант на вооруженото крило на Хамас.

Израелските медиуми, исто така, објавија шпекулации дека Авда е назначен на позицијата по неодамнешното убиство на Из ал Дин алХадад.

Вчера, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац, исто така, изјавија дека Армијата го убила Авда во воздушен напад во градот Газа.

Израелските изјави уследија по жестокото бомбардирање во густо населената област во централниот дел на Газа во пресрет на муслиманскиот празник Курбан бајрам.

Повеќе
Советник во Кремљ: Русија е подготвена да ги продолжи трилатералните преговори за Украина во ноември
Ердоган и Алиев разговараа за билатералните односи и регионалните случувања
Барт де Вевер: Украина нема да се финансира од замрзнатите руски средства
Првата дама на Туркије повикува на глобална акција за заштита на децата во конфликтните зони
Николоски на средба со новиот турски амбасадор Акташ, фокусот на продлабочување на соработката
Албанија го испрати првиот хеликоптерски контингент во мисијата на НАТО во Косово
Канадскиот премиер Карни утре и задутре во посета на Туркије на покана на Ердоган
Европската комисија започна истрага против Booking.com за измами и ризици од измами
Милорад Ѓоковиќ во Приштина осуден на 10 години затвор поради воени злосторства на Косово
Мерц: Ова не е почеток на трговска војна со Кина, бараме мирни решенија
Ердоган ја поздрави одлуката на либискиот Парламент за одобрување на поморскиот договор со Туркије
Израелските сили урнаа зграда во која живееле 35 Палестинци во Источен Ерусалим
Зеленски: Украина подготвена да го замрзне конфликтот по должината на линијата на фронтот
Туркије, Катар, Индонезија и Пакистан потпишаа меморандум за одбранбена соработка
Апсења во Нови Сад, Врњачка Бања и Белград на осомничени за планирање немири на денот на избoрите