| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Мицкоски: Коридорите 8 и 10 наш најголем приоритет, неделава тендер за гасоводот со Србија
Мицкоски: Коридорите 8 и 10 наш најголем приоритет, неделава тендер за гасоводот со Србија
Сето ова претставува една амбициозна агенда, но нашата оптика е силно вперена во овие проекти и така ќе продолжиме, најави премиерот / Others

Поврзувањето е стратешко позиционирање и цел на Владата, коридорите 8 и 10 се стратешки за државата од многу аспекти и затоа тоа е наш најголем приоритет - порача денеска премиерот Христијан Мицкоски при увидот на активностите за изградба на автопатот Гостивар - Букојчани.

Мицкоски очекува дека набргу ќе се пушти во употреба преостанатиот дел од автопатот Кичево - Охрид, како и гасоводот што треба да нè поврзе со Грција во првата половина од следната година. Информира и дека неделава ќе се објави и тендерот за гасоводот со Србија.

„Изградба на автопатите, на пругата на Коридорот 8, модернизација на пругата на Коридорот 10, односно брзата пруга. Исто така, и енергетското поврзување преку далноводи. Далноводот кон Албанија го рестартиравме. Со другите соседи сме поврзани на висок напон со далноводи, Србија, Косово, Бугарија и Грција, сега останува Албанија, очекувам и тој проект да биде завршен. Кај поврзувањето со гасната инфраструктура, прилично интензивно се гради гасоводот со Грција, а потоа од оваа недела почнуваме со објавување на тендерот за гасоводот кон Србија, веќе се добиени сите мислења за оваа цевка. Проектот на нафтоводот, кој со децении 'рѓосуваше и беше оставен на забот на времето, сега е функционален и служи за транспорт на нафта, односно поврзување на пристаништето Солун со рафинеријата во Скопје“, изјави Мицкоски.

Кога сето ова глобално ќе биде завршено, тогаш, потенцира, можеме да кажеме дека сме навистина регионален хаб и оти оттука понатаму ќе се поврзуваат Северна со Јужна Европа, Централна Европа со Медитеранот, Јадранското и Јонското Море со Црното Море. Тоа е таа стратешка предност што ја имаме како држава.

„Како Влада, ќе продолжиме да ги поддржуваме овие проекти и јас очекувам дека многу бргу ќе можеме да го пуштиме делот што ќе го поврзува Кичево со Охрид, но истовремено и гасоводот, кој очекувам некаде во првата половина од следната година да ја поврзе нашата земја со јужниот сосед. Сето ова претставува една амбициозна агенда, но нашиот фокус е сериозен, нашата оптика е силно вперена во овие проекти и така ќе продолжиме во периодот што следува“, најави премиерот Мицкоски.

Министерот за транспорт Александар Николоски рече дека рокот за автопатот Кичево - Охрид останува ист - во првиот квартал в година ќе биде целосно функционален, а за трасата на автопатот Требениште - Ќафасан, доколку има негативен одговор од УНЕСКО, ќе се бара друго техничко решение за да има целина - автопатско поврзување во овој регион.

Повеќе
ЕУ ја обновува целосната соработка со Сирија
Поучниот анимиран филм „Кликни безбедно“ достапен на Ју Тјуб на три јазици
Од полноќ пониски цени на дизелот и на Еуросупер БС-95
Мицкоски: Коридорите 8 и 10 наш најголем приоритет, неделава тендер за гасоводот со Србија
Кос: Во Европската Унија има место за сите држави од Западен Балкан
ЕУ се согласи на санкции насочени кон израелските окупатори на Западниот Брег
Турско-белгиски бизнис форум: Стремеж кон подлабоки трговски односи и инвестициски врски
Ердоган: Геополитичките промени ја нагласуваат потребата од поблиски односи меѓу Туркије и ЕУ
Прево: Белгија гледа значаен потенцијал за продлабочување на стратегиското партнерство со Туркије
Евровизија се соочува со обновени критики за „ционистичко перење“ околу Израел
Судот во Бангладеш забранува откривање на полот на нероденото дете
Трамп ќе ја посети Кина за прв пат по девет години
САД репатрираат 17 граѓани од крузер по појавата на хантавирус
Франција го потврди првиот случај на хантавирус од крузерот МВ Хондиус
Израелски воен наредник убиен во борби на границата со Либан