| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
Самоопределување ја тужи Вјоса Османи за распуштањето на косовското собрание
Шефицата на пратеничката група на Самоопределување, Арберие Нагавчи, изјави дека барањето е потпишано од 30 пратеници и дека исто така побарале од Судот да воведе привремена мерка со која ќе се суспендира овој указ до донесување конечна одлука
Самоопределување ја тужи Вјоса Османи за распуштањето на косовското собрание
Османи го распушти собранието и распиша нови парламентарни избори откако пратениците не избраа нов претседател поради недостаток на кворум / Reuters

Пратеничката група на движењето Самоопределување поднесе жалба до Уставниот суд на Косово против указот на косовската претседателка Вјоса Османи за распуштање на собранието, тврдејќи дека станува збор за неуставна одлука.

Портпаролот на овој суд, Ветон Дула, потврди дека судот го прифатил барањето, објавува порталот „Репортери“.

Шефицата на пратеничката група на Самоопределување, Арберие Нагавчи, изјави дека барањето е потпишано од 30 пратеници и дека движењето исто така побарало од Уставниот суд да воведе привремена мерка со која ќе се суспендира овој указ до донесување конечна одлука.

Според неа, Османи нема дискреционо право да интервенира во функционирањето на законодавната власт, а уште помалку да презема дејствија што водат до распуштање на Собранието.

Османи на 6 март го распушти собранието и распиша нови парламентарни избори, откако пратениците не избраа нов претседател на Косово претходната вечер поради недостаток на кворум.

На 6 март, таа одржа и состанок со лидерите на политичките партии за датумот на изборите, но Самоопределување не учествуваше на состанокот.

Собранието во Приштина на 5 март не го избра претседателот бидејќи во салата имаше само 66 претставници на Самоопределување и на немнозинските несрпски заедници, а за избор на претседател се потребни најмалку 80 гласа во првиот и вториот круг, или 61 глас во третиот круг гласање.

На 6 март, Уставниот суд ја извести претседателката на Собранието, Аљбуљена Хаџи, дека го примил нејзиното барање и барањето на девет други членови на Самоопределување за оценување на уставноста на процесот на избор на претседател на привремените институции.

Судот изјави дека пратениците и заинтересираните страни можат да достават коментари до 9 март, објавија медиумите во Приштина.

Откако седницата на собранието за избор на претседател беше прекината на 5 март поради недостаток на кворум, Хаџију побара од уставниот суд оценка на уставноста на постапката за избор на претседател и суспензивна мерка за уставниот мандат.

Мандатот на Османи истекува на 4 април, а според уставот, изборот на претседател мора да се одржи најдоцна 30 дена пред истекот на мандатот на актуелниот претседател.

Османи посакува втор мандат, но нема поддршка од партијата на премиерот Албин Курти.

По цела година политичка неизвесност и десетици неуспешни обиди да се конституира, новиот состав на Парламентот на Косово беше конституиран на 12 февруари, по што пратениците ја избраа новата влада, повторно предводена од лидерот на Самоопределување, Албин Курти.

По последните редовни парламентарни избори во февруари лани, Косово имаше привремена влада и целосно нефункционален парламент, откако партијта на Курти не успеа да обезбеди мнозинство.

Следеа долги натегања, од кои произлегоа новите избори во декември, на кои Самоопределување освои 57 пратенички места во законодавниот дом со 120 пратеници.

Повеќе
Путин: Првиот танкер со дизел гориво ќе се упати кон САД за два до три дена
Вучиќ: Третата светска војна е неизбежна во услови на засилено вооружување во Европа
Европската комисија: Нивото на залихите на гас во ЕУ е под историскиот просек
За европратениците и Калас укинувањето на санкциите врз Русија од страна на Трамп е срамно
Кос: Билатералните прашања меѓу Хрватска и Црна Гора не се дел од преговорите, но мора да се решат
Рама повторнo ги постави столчињата искршени од студентите и ги повика на дијалог
Туркије ќе ги заостри казните за злоупотреба на пазарот и тргување со инсајдерски информации
Франција ги проценува штетите од протестите на стотици милиони евра
Лула бара изборниот суд да ги објави неговите банкарски евиденции
Трамп: Зеленски мора да сака да ја прекине оваа војна, инаку сè ќе заврши многу лошо
Бугарија нема да учествува во новата помош на ЕУ за Украина
НАТО ќе испрати авиони и беспилотни летала во Црното Море по нападите врз бродови
Саудиската воена коалиција спречила напади со дронови
Хегсет: САД не ги менува официјалните позиции кон Украина
Рубио: Претседателот Путин може да присуствува на Г20 Самитот во Мајами