| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Од полноќ дизелот поевтинува, а бензините поскапуваат за половина денар
Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Еуросупер БС-95 изнесува 88 денари за литар, а Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 90 денари за литар
Од полноќ дизелот поевтинува, а бензините поскапуваат за половина денар
Новата цена на дизелот ќе изнесува 85,50 денари за литар, а на екстралесното масло за домаќинство 87,50 денари за литар / AP

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нова одлука за малопродажните цени на нафтените деривати, со која од полноќ бензините поскапуваат, а дизелот и екстралесното масло за домаќинство значително поевтинуваат.

Според одлуката, цените на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за 0,50 денари по литар во однос на претходната одлука од 26 мај 2026 година.

Со тоа, новата цена на Еуросупер БС-95 изнесува 88 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 90 денари за литар.

Цената на Еуродизел (Д-Е В) и на екстралесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 6,50 денари по литар.

Новата цена на дизелот ќе изнесува 85,50 денари за литар, а на екстралесното масло за домаќинство 87,50 денари за литар.

Намалување има и кај мазутот М-1 НС, чија цена се намалува за 3,238 денари по килограм.

Согласно новата одлука, мазутот ќе се продава по цена од 47,906 денари за килограм.

Компанијата ОКТА денеска информираше дека донела одлука за привремен попуст од два денари по литар за бензините од 95 и 98 октани. Попустот, според компанијата, која е најголем снабдувач во земјава со нафта и нафтени деривати, ќе стартува од утре (2 јуни) и ќе трае до 16 јуни.

Владата на вчерашната седница, што ден претходно ја најави премиерот Христијан Мицкоски, донесе одлука за продолжување на мерката за намалување на акцизите за нафтените деривати до 15 јуни и информира дека во разговорите со ОКТА бил договорен дополнителен попуст од два денари по литар кој ќе започне да се применува од 1 јуни, односно денеска.

Премиерот Христијан Мицкоски завчера, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека очекува стабилизирање на цените на горивата, додавајќи дека земјава и понатаму ќе остане со најниски цени на нафтените деривати во регионот.

Повеќе
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ
Курти: Време е Косово да добие статус на земја-кандидат и да ги отвори преговорите за членство во ЕУ
Мерц: Членството на Црна Гора во ЕУ е реално остварлива цел
Њујорк тајмс: САД и Израел подготвуваат планови за постизборни напади врз Иран
Папата Лав XIV нема потреба од понатамошен третман по операцијата на канцерот на белите дробови
Туркије за три години ќе инвестира 2 милијарди долари во воздухопловната и вселенската индустрија
Иран соопшти дека нападнал четири брода што превезувале нафта во Персискиот Залив
Зеленски сака нови преговори со Русија и САД до почетокот на ноември
Сирија започна безбедносна операција насочена кон терористичка ќелија во околината на Дамаск
Европскиот парламент сака подлабока соработка со Канада
Лана Нусејбех од ОАЕ најавува кандидатура за генерален секретар на ОН
Мицкоски на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора
Медиуми: Израелски борбени авиони летале близу до иранската граница за да предизвикаат реакција
Мерц: Влијанието на Русија е најголемата закана за германското општество
Конгресменката Рамирез: Израелскиот геноцид врз Палестинците не е завршен