| Macedonian
ПОЛИТИКА
3 мин читање
Мицкоски од Давос: Во наредните години за два ипол пати ќе порасне потребата од електрична енергија
„Првата работа е дека во годините кои следат потребата од енергија во светот ќе расте, но 2,5 пати побргу ќе расте потребата од електрична енергија. И ние тука како Македонија, како држава не смееме да бидеме нем набљудувач“, истакна Мицкоски.
Мицкоски од Давос: Во наредните години за два ипол пати ќе порасне потребата од електрична енергија
Мицкоски од Давос: Во наредните години за два ипол пати ќе порасне потребата од електрична енергија / Влада на РСМ
21 јануари 2026

Премиерот на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски учествуваше на Панелот за енергетика во Давос, каде потенцираше дека „Македонија треба да ја развива својата економија и од економија која се темелеше од развој на автомобилската индустрија да го диверзифицира своето портфолио и да биде значаен чинител имајќи ги предвид перфомансите и потенцијалот којшто го нудиме во делот на секторот на енергетика.“

„Денес имавме, би рекол, многу успешни и инспиративни средби со голем број мултинационални компании, на теми од областа на енергетиката, здравството и високата технологија. Од наша страна беа претставени можностите за инвестиции во Македонија – нешто што ќе значи додадена вредност за македонските граѓани“, истакна премиерот Мицкоски во видео изјавата од Давос.

Тој додаде дека посебно би сакал да се задржи на вториот дел од денот, односно на Панелот за енергетика, каде бил активен учесник и говорник заедно со американскиот секретар за енергетика Крис Рајт, а на којшто учествувало светското водство во енергетскиот бизнис, компании кои доаѓаат од сите континенти и се разговарало за очекувањата и плановите за развој на енергетиката во годините кои следат.

„Енергетиката од областа на производство на електрична енергија. Зошто токму областа на  производство на електрична енергија. Она кое можам да го заклучам како резултат на овој панел за енергетијата се три работи. Првата работа е дека во годините кои следат потребата од енергија во светот ќе расте, но 2,5 пати побргу ќе расте потребата од електрична енергија. И ние тука како Македонија, како држава не смееме да бидеме нем набљудувач, туку активен чинител и учесник и тука повторно треба да ги рестартираме сите оние можеби заборавени енергетски проекти во минатото, како што се Чебрен и Галиште, Бошков мост и останатите и да го понудиме потенцијалот за инвестиции во обновливи извори на енергија на голем број од инвеститорите кои покажаа несомнен интерес во дискусиите по завршувањето на панелот“, истакна Мицкоски.

Втора работа која исто така е значајна, како што посочи премиерот, е дека во следните 10 години производните капацитети кои треба да бидат изградени и треба во светот да произведуваат електрична енергија ќе треба да произведат вкупно 40 илјади терабат часови електрична енергија.

„Колкава е таа количина на електрична енергија? Тоа е 5,5 илјади пати повеќе отколку што денеска Македонија троши електрична енергија и некаде отприлика онолку колку што денеска САД , Канада, Европската Унија и Јапонија заедно трошат“, рече Мицкоски.

Премиерот посочи дека ова е потребно затоа што во годините кои следат развојот на човештвото ќе опфаќа развој на вештачка интелигенција, а со тоа и центри на податоци т.н. Дата центри кои, како што вели, „работат не на енергија, туку на електрична енергија“.

„Тоа се трите факти кои се многу важни и ние како држава треба тој чекор да го следиме и во таа насока да ја развиваме нашата економија и од економија која се темелеше од развој на автомобилската индустрија да го диверзифицираме своето портфолио и да бидеме значаен чинител имајќи ги предвид перфомансите и потенцијалот којшто го нудиме во делот на секторот на енергетика. Јас сум убеден дека ние како држава тоа може да го направиме и ние како држава ќе успееме во таа намера“, посочи премиерот во видео изјавата.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
МААЕ потврдува штета на зградите во иранскиот погон за збогатување ураниум Натанц
Цените на нафтата пораснаа за 6% поради влијанието на конфликтите на Блискиот Исток
Зеленски во екот на застојот на преговорите: Никогаш нема да го напуштам Донбас
ОН: Израел ги суспендира хуманитарните движења во Газа
Такер тврди дека Катар и Саудиска Арабија уапсиле агенти на Мосад кои планирале бомбашки напади
Бахреин и Катар пресретнаа повеќе од 170 ирански ракети и десетици дронови за три дена
Судот го одби барањето на администрацијата на Трамп да го одложи враќањето на парите од царините
Нетанјаху: Нема да има бесконечна војна против Иран
Арагчи: Рубио призна дека САД почнале војна со Иран во име на Израел
Во Иран почна погребната поворка за 165 деца убиени во американско-израелскиот напад врз училиште
Пакистан: Американските маринци пукале во демонстрантите кои упаднале во конзулатот во Карачи
ЕУ го засилува енергетскиот и безбедносниот надзор поради тензиите на Блискиот Исток
Иран го затвори Ормускиот теснец и се закани со напади врз бродовите
Вашингтон ги повика Американците веднаш да го напуштат Блискиот Исток
Ирански дронови ја погодија амбасадата на САД во Ријад