| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Најмалку 39 загинати во судир на два воза во Шпанија
Според првичните информации, вагоните од супер-брзиот воз, кој патувал од Малага за Мадрид излетале од шини и преминале на соседната пруга, при што се судриле со друг воз
Најмалку 39 загинати во судир на два воза во Шпанија
Официјалната причина за несреќата засега не е позната / Reuters

Најмалку 39 луѓе загинале, а 170 лица се повредени во судир на два воза во Адуза, покраина Кордоба, во јужна Шпанија.

Од повредените 75 беа хоспитализирани. Петнаесет лица се во сериозна состојба, вклучувајќи четири деца.

Според првичните информации, вагоните од супер-брзиот воз, кој патувал за Мадрид излетале од шини и преминале на соседната пруга, при што се судриле со друг воз. Во двата воза имало вкупно 400 патници и членови на екипажот.

Министерот за транспорт Оскар Пуенте ја опиша несреќата како многу чудна, додека властите започнаа истрага.

Железничката компанија „Адиф“ соопшти дека несреќата се случила десет минути откако возот за Мадрид ја напуштил станицата во Малага, излетувајќи на прав дел од пругата.

„Силата на судирот ги турна вагоните од другиот воз во насип. Повеќето од загинатите и повредените биле во предните вагони од другиот воз, кој се движел од Мадрид до Уелва“, кажа Пуенте.

Типот на воз вклучен во несреќата бил „фрекија 1000“, кој може да достигне максимална брзина од 400 км/ч, изјави портпаролот на италијанската железничка компанија „Феровие дело Стато“.

Спасувачките екипи изјавија дека извитканите остатоци од возовите го отежнуваат извлекувањето на луѓето заробени во вагоните.

„Моравме да извадиме мртво лице за да можеме да стигнеме до некој жив. Тоа е тешка, сложена работа“, кажа шефот на противпожарната служба во Кордоба, Франсиско Кармона.

Официјалната причина за несреќата засега не е позната. Според Пуенте, утврдувањето на причините би можело да трае најмалку еден месец.

Повеќе
НАТО ќе испрати авиони и беспилотни летала во Црното Море по нападите врз бродови
Туркије ја повикa Белгија да ги засили дејствијата против терористичките групи
Канцеларот Мерц го пофали придонесот на турската заедница за Германија
Литванија бара измени во правилата на НАТО за пресретнување дронови
Италија ќе распореди 500 војници со полициски овластувања во Милано по немирите за време на викендот
Папата Лав XIV побара соработка на Москва и Киев за хуманитарна помош во Олешки
Франција воведува полициски час во четири северни општини
Лавров: Русија ќе ги почитува своите економски договори со Иран и покрај сложената ситуација
Референдум во Алберта, едно од прашањата е дали треба да остане дел од Канада
Литванија тврди дека дронот што се урна на нејзина територија дошол од Полска
Трамп: Мигрантите ја презедоа Франција, мора брзо да ги затвори границите
Австралиска пратеничка намерно прегазена од автомобил пред сопствената канцеларијата
Студенти го блокираа влезот во музејот Лувр во Париз поради полициска репресија
Суд од Мајами издаде налог за апсење на Раул Кастро поради соборувањето на два авиони во 1996 година
Францускиот претседател пристигна во Кувајт на почетокот на турнејата низ Персискиот Залив
Украинската служба за вонредни состојби: Едно лице загина, а осуммина се повредени во руски напад врз Киев
Мелони свика состанок на кабинетот за безбедносната состојба по насилните протести низ Италија
Макрон ја одби оставката на министерот за внатрешни работи
Калифорнија на референдум бара милијардерите да платат данок на своето богатство
Станбената криза во Шпанија ги тестира границите на европската држава на благосостојба