| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Државниот врв со честитки по повод Курбан бајрам
Курбан бајрам, преку својата длабока симболика на дарување и пожртвуваност, упатува на вредности важни за моралната зрелост на заедницата: човечноста, емпатијата, солидарноста и одговорноста кон другиот, рече претседателката во празничната честитка
Државниот врв со честитки по повод Курбан бајрам
Според претседателката, во свет обременет со неизвесност, недоверба, отуѓеност големите празници имаат силна духовна димензија и моќ / Others

Претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот на Собранието, Африм Гаши упатија честитки по повод муслиманскиот празник Курбан бајрам, праќајќи пораки за мир, солидарност и меѓусебна почит до верниците од исламска вероисповед.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаи и до сите верници од исламска вероисповед.

„Дозволете ми Вам, лично, на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите верници од исламска вероисповед, да Ви упатам искрени честитки по повод големиот празник Курбан бајрам, со желба да го поминете во мир, радост и семејна благосостојба“, стои во честитката од претседателката.

Сиљановска Давкова наведува дека во свет обременет со неизвесност, недоверба, отуѓеност и ослабено чувство на заедничка припадност, големите празници имаат силна духовна димензија и моќ.

Таа посочува дека Курбан бајрам, преку својата длабока симболика на дарување и пожртвуваност, упатува на вредности важни за моралната зрелост на заедницата: човечноста, емпатијата, солидарноста и одговорноста кон другиот.

„Токму во способноста да се зачуваат и да се изразат љубовта и грижата за ближниот, дури и во мигови на разлики и предизвици, се препознава и се мери интегрираноста на општеството. Само преку разбирање, заемно уважување и култура на почит, различностите можат да бидат предност, а не слабост, да станат мост, а не препрека, да прераснат во единство, надминувајќи ги поделбите. Честит Курбан бајрам“, напиша во честитката претседателката по повод Курбан Бајрам.

Претседателот на Собранието, Гаши, во својата честитка истакна дека Курбан Бајрам е празник на пожртвуваноста, хуманоста и блискоста меѓу луѓето, кој ги обновува вредностите на солидарноста, разбирањето и меѓусебната почит.

Порача дека празникот е потсетник за грижата кон другите, споделувањето добрина и поддршка, со желби до сите верници за здравје, благосостојба, душевен мир и среќа во семејствата.

Повеќе
Европската комисија започна истрага против Booking.com за измами и ризици од измами
Милорад Ѓоковиќ во Приштина осуден на 10 години затвор поради воени злосторства на Косово
Мерц: Ова не е почеток на трговска војна со Кина, бараме мирни решенија
Ердоган ја поздрави одлуката на либискиот Парламент за одобрување на поморскиот договор со Туркије
Израелските сили урнаа зграда во која живееле 35 Палестинци во Источен Ерусалим
Зеленски: Украина подготвена да го замрзне конфликтот по должината на линијата на фронтот
Туркије, Катар, Индонезија и Пакистан потпишаа меморандум за одбранбена соработка
Апсења во Нови Сад, Врњачка Бања и Белград на осомничени за планирање немири на денот на избoрите
Масовни протести низ Грција: Студентите бараат бесплатно образование, а професорите повисоки плати
Путин: Првиот танкер со дизел гориво ќе се упати кон САД за два до три дена
Вучиќ: Третата светска војна е неизбежна во услови на засилено вооружување во Европа
Европската комисија: Нивото на залихите на гас во ЕУ е под историскиот просек
За европратениците и Калас укинувањето на санкциите врз Русија од страна на Трамп е срамно
Кос: Билатералните прашања меѓу Хрватска и Црна Гора не се дел од преговорите, но мора да се решат
Рама повторнo ги постави столчињата искршени од студентите и ги повика на дијалог