| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Апсења во Нови Сад, Врњачка Бања и Белград на осомничени за планирање немири на денот на избoрите
Според Танјуг, двајца од уапсените, едниот од Нови Сад, а другиот од Врњачка Бања, имаат хрватски пасоши и државјанство на Република Хрватска и сè уште не е познато дали имаат и српско државјанство
Апсења во Нови Сад, Врњачка Бања и Белград на осомничени за планирање немири на денот на избoрите
Предвремените парламентарни избори во Србија ќе се одржат во недела на 25 октомври

Полицијата во Нови Сад и Врњачка Бања уапсила неколку лица осомничени за наводно „планирање немири“ на денот на предвремените парламентарни избори во Белград на 25 октомври, објави во среда Радио телевизија Србија (РТС), додека Танјуг известува дека двајца од уапсените мажи имаат хрватски пасоши.

Според информациите што ги цитира Танјуг, Марко В., кој бил уапсен денеска во Нови Сад, и Матеј А., кој бил уапсен во Врњачка Бања и се осомничени за организирање и планирање немири на денот на изборите, имаат хрватски пасоши и државјанство на Република Хрватска, и сè уште не е познато дали имаат и државјанство на Република Србија.

Марко В. бил уапсен како водач на криминална група што планирала да предизвика немири во Белград на 25 октомври, а осомничен е дека лично избирал луѓе за ова и „им обезбедувал оружје и алатки за справување со неистомислениците и полицијата“, објавува Танјуг.

Според РТС, постојат сомнежи дека групата на Марко В. планирала „со околу 80 луѓе да дојдат во Белград на 25 октомври и да предизвикаат немири, да палат автомобили, да фрлаат молотови коктели и слични инциденти“.

Матеј А. бил уапсен во Врњачка Бања под сомнение дека наводно „повикал на насилна промена на уставниот поредок и планирал да учествува во немири за време на денот на изборите во Белград“.

РТС исто така потврди дека полицајците денес го уапсиле, по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, С. И., од Земун, кој е осомничен за „организирање и обука на голем број луѓе за предизвикување насилство на денот и по изборите што треба да се одржат на 25 октомври 2026 година“.

Дел од медиумите пренесуваат дека С.И. е познат во безбедносните кругови по екстремизмот и дека е активист на ултрадесничарската организација „Народни патроли“.

Таблоидот „Информер“, близок до неодамна избраниот претседател на Србија, Александар Вучиќ, лидер на изборната листа на Српската напредна партија, извести за апсењето со наслов „Сакаа крвопролевање и мртви тела на улиците“, емитувајќи на својата кабелска телевизија и портал видео од рација на специјални полициски единици во стан, за која рече дека е апсење на „дилер на дрога кој подготвува хаос на улиците на Белград на 25 октомври“.

Во меѓувреме, српското Министерство за внатрешни работи сè уште не објави официјално соопштение за апсењата.

Предвремените парламентарни избори се одржуваат на 25 октомври/

Повеќе
Рама повторнo ги постави столчињата искршени од студентите и ги повика на дијалог
Советот на министри на БиХ го одобри гласањето на српските граѓани во Босна и Херцеговина
Професионалните војници по 45 години ќе можат да останат во армијата до пензионирање
Мицкоски: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем
Црна Гора го менува Уставот: Задолжителна проверка на интегритетот на кандидатите за Владата
Ангелов во Туркије на Конференцијата за управување со катастрофи
Протестите во Албанија не се смируваат, продолжуваат судирите со полицијата
Одбележана 23-годишнината од смртта на Алија Изетбеговиќ
Мехмет Булут избран за ректор на Меѓународниот балкански универзитет
Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат
Собранието ја продолжи кризната состојба со нафта до април 2027 година
Андоновски од Сеул: Пристапот до ВИ ќе го дефинира напредокот на поединецот и општеството
АХВ: Од јануари до август годинава уништени 69.776 килограми небезбедна храна
Четврта ноќ протести во Албанија: Студентите бараат оставка од премиерот Рама
Анушиќ предупредува на вооружување на Србија: Реториката на Белград е најголем фактор на нестабилност во Југоисточна Европа
По интервенција на Пленковиќ, од заклучоците на ЕУ за Црна Гора се тргнати временските рамки
Зошто 15 октомври се одбележува како Меѓународен ден на белиот стап?
Ескалираа протестите во Тирана: Приведени 35 лица, повредени 14 полицајци
Муцунски: Иднината им припаѓа на државите што инвестираат во поврзаност, отпорност и партнерства
Вучиќ: Никој никогаш не се мешал во изборите во Србија толку многу како сега Хрватска